„Жена“ на Антонија Гиговска прогласена за најслушана песна на „Макфест“

October 24, 2025
1 min read

Шест млади надежи влегоа во вечерта на звездите на 40-тото издание на фестивалот „Макфест“, кој започна вчера вечерта во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Стефан Ефремов, Агни Авшар, Елена Наумовска, Дино Периќ, Дорис Ди и Катерина Јовановиќ се новите ѕвезди, кои ќе настапат вечер заедно со популарните имиња од македонската естрада.

– Вечерва ќе се почне со Стефан Ефремов, Агни Авшар, Елена Наумова, Дино Периќ и Дорис Ди, кои во првиот блок ќе ја отворат вечерта. Во вториот блок ќе настапат Катерина Јовановиќ, Марија Атанасова, Јанг Дади, Мартинијан Кириловски и Ана Петановска. Третиот блок се Јуле Николовска, Лара Иванова, Коки Јанков, Павле Камилоски и Димитар Андоновски, додека во четвртиот блок ќе настапат Зоран Ванев, Тамара Волчевска, Зоран Илиев, Дејан Тасев и Симона Поповска. Значи вечерашната вечер е составена од 20 изведувачи, рече кретивниот директор Јован Јованов.

Јованов откри дека годинава за најслушана песна меѓу двата фестивала е прогласена „Жена“, кој минатата година ја отпеја Антонија Гиговска.  На овој „Макфест“ ќе се случи еден куриозитет, а тоа е што има изведувачи и автори кои се под 20 години, но и над 80.

– Овој пат за 40 јубилеј ми е драго што се случува ова. Меѓу учесниците и авторите има над 50 разлика во години. Вчера настапија учесници под 20 години, а утре ќе настапи Мики Јовановски Џафер со над 70 години. Исто е и кај авторите. Имаме автори со 19 години, но имаме и автор, како што е Григор Копров со над 80 години. Еден куриозитет, кој ретко се случува. Има блгодарам на сите кои вчера настапија, влегоа одлични шест вокали за вечер и со останатите 14 мислам дека ќе имаме одлична вечер, рече уметничкиот директор Роберт Саздов.

Авторот Илија  Ќосевски, кој го води оркестарот,  на денешната прес конференција, рече дека по звршување на првата вечер фестивалот добил многу пофални коментари.

– Ги имаме најдобрите коментари за оркестарот и се надеваме дека денес и утре ќе се ужива во уште поубави песни и оркестрирани аранжмани. Се надевам дека со години ќе растеме и ќе достигнеме од камерен оркестар, да станеме оркестар. Сакам да се заблагодарам на семејството на Филип Стевановски за поддршката, бидејќи оркестарот е формиран од него. Неговото дело ќе го одржуваме во иднина и ќе го надградиме, како што имаше желба и тој. Моето прифаќање за водењето на оркестарот беше доста тешко. Со тоа што широката јавност го знаеја Филип како еден од поенергичните уметници, беше застапен на многу места. Оваа работа е доста тешка, но сите тимски со раководството и сите музичари, кои се нафатија да бидат дел од овој оркестр се заслужни. Да го славиме и да ја негуваме македонската музика. Сме размислувале и идеите се дадени оркестарот да го носи името „Филип Стевановски“, но за тоа треба да одлучи семејството. Се надеваме дека на следното издание оркестарот ќе биде под негово име, рече Илија Ќосевски.

Водители на фестивалот и вечерва се Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски. МВТ на првата програма од 20 часот ќе врши директен пренос.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прв пат во Македонија изведена 3D витрео-ретинална хирургија и примена на интраоперативна ангиографија

Следно

АНАЛИЗА: Повеќе патници со јахтата на Заев ќе отпловат во заборав

Latest from Blog

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата
Go toTop