Железничката мрежа на Туркије ќе достигне над 14 илјади километри во 2025 година

November 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Железничката мрежа на Туркије се очекува да достигне над 14.000 километри, а брзата железничка мрежа да надмине повеќе од 2.600 километри во 2025 година, според Предлог-буџетот на Владата на земјата за 2025 година, јавува Анадолу.

Инвестициите во железницата во согласност со Предлог-буџетот на централната Влада имаат цел да ги зголемат стандардите на постојните линии и да се фокусираат на товарниот транспорт, поврзувајќи ги индустриските зони, пристаништата и логистичките центри со главните линии.

Програмата алоцира 309,6 милијарди турски лири (9 милијарди долари) за следната година, 10,1 милијарди долари во 2026 година и 10,9 милијарди долари во 2027 година за изградбата, работата и услугите на железницата.

До крајот на оваа година се очекува железничката мрежа да достигне над 13.900 километри, следната година се планира должината да се зголеми на над 14.200 километри, а во 2027 година на повеќе од 15.900 километри.

Според буџетот, железничките линии со двоен колосек во вкупната главна мрежа треба да се зголемат на 18 отсто следната година, на 19 отсто во 2026 година и на 21 отсто во 2027 година.

Програмата, исто така, има цел да го зголеми уделот на железницата во превозот на патници од 5,93 отсто следната година на 6,12 отсто во 2026 година и на 6,3 отсто во 2027 година.

Целната должина за брзите железнички линии е нешто повеќе од 2.600 километри следната година, 2.800 километри во 2026 година и 4.100 километри во 2027 година.

Буџетските инвестиции во железницата имаат цел да ја претворат Туркије во важна логистичка база, овозможувајќи големи можности за извоз.

Во програмата се проценува учеството на железницата во вкупниот товарен транспорт следната година да се зголеми на 6,76 отсто, во 2026 година на 7,53 отсто и во 2027 година на 7,7 отсто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Македонските кошаркарки ги почнаа мини-подготовките за средбите со Украина и со Португалија

Следно

Брнабиќ: Ќе ja утврдиме политичка одговорност за Нови Сад

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop