Жаби ни во Азија не можат да кренат глава од Французи

March 12, 2024
1 min read

Повеќе од 500 експерти од  истражувачки, ветеринарни и конзерваторски групи го повикуваат Емануел Макрон да преземе нешто за да „стави крај на претераната експлоатација на жаби“ и да им овозможи подобра заштита.

ЕУ секоја година увезува меѓу 80 и 200 милиони жаби, кои во најголемиот дел се јадат во Франција. Претежно тие се увезуваат од Индонезија, Виетнам, Турција и Албанија.

За експертите апсурдно е што ЕУ ја заштитува сопствената популација на жаби, но затоа толерира пеплосување на милиони водоземци низ остатокот од светот.

Научниците бараат Франција да притисне за глобална заштита на жабите и да ги стави под Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови на дива фауна и флора.

Во апелот се наведуваат и студии според кои одредени видови на жаби веќе исчезнале или ќе исчезнат од комерцијалниот увоз во Франција, заради намалената популација предизвикана од преголемото комерцијално искористување.

Дел од поддржувачите на апелот се загрижени за суровоста која преовладува на не-ЕУ пазарите во собирањето и преработката на жабите.       

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Унија на ЗМСТАС: Договорите на дело за медицинските сестри не се трансформираа во редовен работен однос

Следно

Партиите сè уште калкулираат за носителите на изборните листи

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop