Зголемен бројот на туристи за 8,3 проценти

October 15, 2024
1 min read

Во периодот јануари – август 2024 година бројот на туристите е зголемен за 8,3 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има намалување за 0,9 проценти, а кај странските зголемување за 14,4 отсто.

Зголемен е и бројот на ноќевањата за 5,3 отсто, кај домашните туристи за 2,6, а кај странските за 9,3 проценти.

Бројот на туристите во август годинава бил 232 576. Од нив 48,6 отсто биле домашни, а 51,4 проценти странски туристи.

Бројот на ноќевањата изнесувал 911 478 и тоа 74,3 отсто од домашни и 25,7 проиценти од странски туристи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта

Следно

Еуроњуз: Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop