Еуроњуз: Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа

October 15, 2024
1 min read

Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, покажува истражувањето кое го спроведе Еуроњуз. Истражувањето покажува дека седум од десет луѓе во Европа се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, но сепак постои голем јаз во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови.

Иако во нашата земја, односно во главниот град за јавен превоз се достапни само автобуси, сепак Македонија е меѓу најлошите земји со јавен превоз во Европа. Само 47 проценти од Македонците се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само во Албанија и Италија.

Како што покажува истражувањето, најголемо задоволство од јавниот превоз има во Австрија – 91 отсто.

Во нордиските престолнини пак, најдобар градски превоз има во Хелсинки, па следуваат Осло и Стокхолм кои се тесно следени од Копенхаген, со 81 отсто задоволство. Главниот град на Исланд, Рејкјавик, е исклучок со пониска стапка на задоволство од 56 отсто во овој регион.

Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од Јужна и Источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемен бројот на туристи за 8,3 проценти

Следно

Над Скопје поминува комета последен пат видена пред 80.000 години

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop