Земјотресите во Кахраманмараш ја оштетија и Црквата „Св. Богородица“ во Вакифли

February 17, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – АЈКУТ КАРАДАГ – Земјотресите во Кахраманмараш делумно ја оштетија и Црквата „Св. Богородица“ која се наоѓа во селото Вакифли, во подрачјето на градот Самандаг, во турската област Хатај, каде што живеат турски државјани со ерменско потекло, пишува Анадолу.

AA со дрон го сними Вакифли, кој на 6 февруари беше погоден од земјотресите со епицентар во турската област Кахраманмараш, од кои беа зафатени десет турски области.

Додека во селото со 130 жители немаше загуби за време на земјотресот, делумно се оштетени надворешните ѕидови на Црквата „Св. Богородица“, еден од симболите на селото. Оштетени се и селското училиште и некои куќи.

Никакви оштетувања не претрпе „Дрвото Муса“ (Мојсие) кое во 1981 година е регистрирано како дрво монумент. Се верува дека дрвото е жезолот на Муса (Мојсие) што тој го забил во почвата, а кое пораснало поради „водата на бесмртноста“.

– „Благодарни сме на сопствената ситуација“

Претставникот на локалната власт на Вакифли, Берч Картун, изјави дека тие спиеле кога одеднаш ги разбудил силен земјотрес.

Зборувајќи дека селото Вакифли е едно од ретките места во кое што немаше човечки жртви од земјотресот, Картун рече:

„Фала му на Бога, немаме човечки загуби во нашето село. Причинета е материјална штета. Не бевме во можност многу да ја следиме телевизиската програма. Вчера добивме струја. На цела Туркије ѝ изразувам сочувство, нема е со помин. Не дај Господе да се повтори. Оштетена е историската Црква „Св. Богородица“ во нашето село. Некои цркви и во центарот на Хатај, исто така претрпеа оштетувања во земјотресот и станаа неупотребливи. И историската црква во нашето село претрпе оштетувања внатре и надвор. Кога гледаме во каква состојба е Хатај, благодарни сме на сопствената ситуација. Чувствуваме болка кога ги гледаме уништените куќи и оние кои се извлечени од под урнатините.“

Информирајќи дека шест лица од ерменската заедница ги загубиле животите во земјотресите што го потресоа градот Хатај, Картун продолжи со зборовите: „Многу сме благодарни што нашата држава уште од првиот ден ни ги достави сите наши потреби, било да се потребни залихи или ќебиња. Господ да ве благослови илјадапати. Пристигна и помошта од нашите сограѓани. Кој, што и да испрати помош, многу ви благодарам на сите.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спектаклот на „Камп Ноу“ без победник, Барса и Јунајтед одиграа реми

Следно

Руската Дума го повика Советот за безбедност на ОН да ги истражи експлозиите на гасоводите „Северен тек“

Latest from Blog

Специјалниот известувач на ООН, Леврат: Инструментализацијата на малцинствата во Албанија од страна на Бугарија претставува сериозна закана за човековите права и безбедноста

Специјалниот известувач на Обединетите нации за малцински прашања, проф. Николас Леврат, обраќајќи се на Форумот за малцински прашања во седиштето на ОН во Женева, во рамки на официјалната сесија организирана од неговиот

Фото: Александра Пријовиќ за прв пат ја покажа својата ќерка Арија

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ за прв пат ја покажа својата ќерка Арија на јавноста, објавувајќи семејна фотографија на социјалните мрежи. Освен неа и нејзината ќерка, на фотографијата се и сопругот Филип Живојиновиќ

Видео: Ова е резиденцијата на Путин која наводно била цел на напад на украински дронови

Иако сè уште нема цврсти докази, освен информациите од руските медиуми кои продолжуваат да тврдат дека украинската војска извршила напад врз регионот Новгород, при што целта наводно била резиденцијата на претседателот Путин, која се
Go toTop