Руската Дума го повика Советот за безбедност на ОН да ги истражи експлозиите на гасоводите „Северен тек“

February 17, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Долниот дом на рускиот Парламент, Државнаta дума, гласаше да подготви жалба до Советот за безбедност на ОН, со барање за истрага за експлозиите на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море, јавува Анадолу.

На пленарна седница во Москва, претседателот на Државната дума, Вјачслав Володин, им наложи на пратениците да ги проценат загубите што ги претрпеле рускиот енергетски систем, компанијата „Гаспром“ и животната средина како резултат на овие експлозии.

„Апелот до ОН е вистинскиот чекор, но мораме да побараме и од државите кои се поврзани со ова… Ајде да пресметаме каква штета претрпе нашата компанија „Гаспром“. Каква штета претрпе животната средина, каква штета е направена? Дали европските земји ќе му го простат сево ова на [американскиот претседател Џо] Бајден, тоа нека си го решат меѓу себе. Ние нема да го сториме тоа“, рече Володин.

„Многу пари од странски држави се распределуваат на банкарските сметки во Русија“, рече тој, предупредувајќи дека доколку руските средства се експропираат во странство, странските пари може да се користат за компензација.

Експлозиите се случија на 26 септември минатата година, предизвикувајќи големи пукнатини и истекување на гас од двата цевководи што се движат од Русија до Германија под Балтичкото Море. Официјални лица од земјите во регионот рекоа дека саботажа била најверојатната причина за инцидентот.

На 8 февруари, американскиот истражувачки новинар и добитник на Пулицерова награда, Сејмур Херш, ги објави резултатите од сопствената истрага за експлозиите, тврдејќи дека нуркачите на американската морнарица, со поддршка на норвешки специјалци, поставиле експлозивни направи под руските гасоводи во јуни 2022 година, под покровителство на воените вежби „Балтопс“.

Според Херш, одлуката за операцијата ја донел американскиот претседател Бајден по деветмесечни разговори со претставници на администрацијата, одговорни за прашањата за националната безбедност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотресите во Кахраманмараш ја оштетија и Црквата „Св. Богородица“ во Вакифли

Следно

Уценувал, ширел омраза и малтретирал новинарки: Поднесено обвинение против сопственикот на „ДоказМ“

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop