Земјотрес во БиХ предизвика сообраќајка на влезот од тунелот Врандук кај Зеница

December 30, 2023
1 min read

Според првите информации, земјотресот предизвикал и одрони на патиштата. Едно од нив се случи на влезот во тунелот Врандук. Оштетени се две возила

Силен земјотрес вечерва ја погоди Босна и Херцеговина. Според последните информации, земјотресот бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, пренесува телевизијата Н1.

Епицентарот бил на 13 километри од Зеница и на 62 километри од Сараево.

Според првите информации, земјотресот предизвикал и одрони на патиштата. Едно од нив се случи на влезот во тунелот Врандук.

Оваа информација за Н1 ја потврдија од Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон. Според нив, оштетени се две возила.

„Имаше уривање на влезот во тунелот Врандук. Според досегашните информации, оштетени се две возила, едно лице е повредено. Сè уште не е познат степенот на повредата. Наши луѓе се на терен и работат на санирање на штетите“,

соопштиле од тамошното Министерство за внатрешни работи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва е уапсен Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети

Следно

Курти на средба со Таравари, Меџити, Гаши и Касами во Приштина

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop