Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го потресе северозападниот регион на Бразил

January 28, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтер утринава го потресе северозападниот регион на Бразил, известува Анадолу.

Американскиот центар за геолошки истражувања објави дека епицентарот на потресот е регистриран кај местото Тарауака во сојузната бразилска држава Акре.

Во соопштението се наведува дека епицентарот бил на длабочина од 609 километри.

Потресот се почувствува во поширокото подрачје на Акре, држава која е дом на Амазонската прашума, како и во соседен Перу.

Засега нема информации за последиците од земјотресот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието ја изгласа техничката Влада, премиер е Талат Џафери

Следно

Климатски активистки фрлија супа од конзерва врз Мона Лиза

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop