Земјотрес од четири степени кај Петриња, нема информации за материјална штета

February 25, 2025
1 min read

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во областа Петриња, соопшти Хрватската сеизмолошка служба.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Во соопштението се наведува дека сеизмографи на Сеизмолошката служба регистрирале прилично силен земјотрес во 12:52 часот со епицентар кај Табориште, на три километри југоисточно од Петриња.

Земјотресот бил со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот 5 – 6 степени според ЕМС.

Хрватските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Сисак, а дел од градот останал без струја.

Серија силни земјотреси ја погодија областа Петриња кон крајот на 2020 година, со јачина на најсилниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Тогаш неколку лица загинаа, имаше и повредени, а беше причинета голема материјална штета на поширокото подрачје на Банија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлогот за разрешување Коцевски помина на Влада: Коцевски направил крупни професионални грешки 

Следно

Македонија има 9.900 лиценцирани лекари

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop