Зеленски за разнесената брана: Русија активираше бомба за масовно уништување на животната средина

June 6, 2023
1 min read

Русија е најопасниот терорист во светот и затоа поразот, кој ние сепак ќе го обезбедиме, ќе биде најзначајниот придонес за безбедноста на нашиот регион, нашата Европа и целиот свет, порача украинскиот претседател, одговарајќи на обвинувањата на Русија во врска со уништувањето на браната „Нова Каховка“ 

Одговарајќи на обвинувањата од Кремљ оти украинските сили ја гранатирале браната „Нова Каховка“ на реката Днепар, украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Твитер посочи дека тоа е практично невозможно зашто, како што вели, Русија повеќе од една година ја контролира браната.

Тој ги обвини руските сили за уништувањето на браната и нанесените штети од излевањето на водата која се искачи на повеќе од 11 метри во областа Нова Каховка.

„Русија активираше бомба за масовно уништување на животната средина. Ова е најголемата вештачка еколошка катастрофа во Европа во последните децении. Русија е најопасниот терорист во светот и затоа поразот, кој ние сепак ќе го обезбедиме, ќе биде најзначајниот придонес за безбедноста на нашиот регион, нашата Европа и целиот свет“,

порача украинскиот претседател во објава на Твитер.

Велејќи дека слабоста е главната надеж и облог на терористите, Зеленски додаде дека во Европа нема слабост против злото на агресијата и неизвесност за нејзината безбедносна перспектива.

Јужната команда на украинските сили утринава соопшти дека руските сили ја урнале браната „Нова Каховка“ во окупираниот дел на украинската област Херсон. Уништувањето на браната доведе до излевање на водата до 11 метри во областа Нова Каховка и принуди евакуација на речиси 17 илјади луѓе. Според украинското Министерство за внатрешни работи, во регионот Херсон се поплавени најмалку 24 населби.

Државната агенција за нуклеарна енергија на Украина „Енергоатом“ реагираше на уништувањето на браната, велејќи дека тоа може да има негативни последици за нуклеарната централа Запорожје.

Претходно денеска, украинската државна служба за вонредни состојби предупреди дека во водата што се излева од браната „Нова Каховка“ пловат експлозивни мини, а властите во Украина соопштија и дека експлозијата на браната предизвикала излевање на најмалку 150 тони моторно масло во реката Днепар.

Додека претставници на САД, Канада и на Европската Унија го осудија уништувањето на браната и за тоа ја обвинија Русија, официјална Москва, пак, обвини дека станува збор за намерна саботажа извршена од Украина за да се одвлече вниманието од неуспешната контраофанзива против руските сили.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Филхармонија протестираше пред Влада

Следно

Ди Марија го напушта Јувентус

Latest from Blog

Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

На 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop