Зеленски во петок оди во Белата куќа, Макрон “реферира“ за средбата со Трамп

February 26, 2025
2 mins read

Украина постигна договор за ретки минерали со САД…Володимир Зеленски во петок заминува за Вашингтон каде ќе стави потпис на спогодбата според која ќе замени дел од рудното богатство за воена помош и како што вели Трамп, право да продолжат да се борат…

Средбата доаѓа по неколку недели тензичните преговори меѓу двете страни, за време на кои Зеленски ги обвини американските власти дека му вршат притисок да потпише договор кој ќе принуди десет генерации на Украинци да го плаќаат…

Доналд Трамп – претседател на САД: „Слушнав дека доаѓа во петок. Секако дека е во ред со мене ако сака да дојде. И ако сака да го потпишеме заедно. И од она што го разбирам, тоа е голема работа, многу голема работа. Тие ќе добијат 350 милијарди долари, воена опрема и право да продолжат да се борат. Ќе ја разгледаме општата безбедност на Украина подоцна. Мислам дека тоа нема да биде проблем. “

Според американските медими, во договорот, не се вклучени барањата за правото на 500 милијарди долари потенцијален приход од експлоатација на минералните богатства…Двете земји ќе формираат и  заеднички фонд за развој на украинските ресурси..Сепак, исто како и претходно, не ги вклучува безбедносните гаранции на кои Киев инститстираше…

И Володимир Зеленски потврди дека првичниот договор со САД не нуди безбедносни гаранции но се надева дека во иднина и тие ќе бидат опција..Од украинската влада пак велат дека договорот е нивна идеја и дека минатата година веќе бил преставен на САД и на првите луѓе на Европската Унија…

Јуриј Сак, советник на Министерот за стратешки индустрии на Украина: „„Претходно го вклучивме во нашиот победнички план, кој нашиот претседател го претстави пред САД и останатите наши партнери во 2024 година. Наскоро ќе се навикнеме на многу необичната природа на овој преговарачки процес. Во исто време, ние не сакаме ништо бесплатно. Разбираме дека оваа војна трае и сега дојде време да се префрлиме на малку поинаков наратив.“ 

А додека во Вашингтон се креира политиката за тоа како ќе изгледа украина по завршување на војната, Емануел Макрон ги повика европејците, кои беа изоставени од неодамнешните разговори меѓу американските и руските претставници, да бидат повеќе вклучени во преговорите.. На денешната видеоконференција со европските лидери, било договорено да се формира нов фонд за помош на Украина, како воена и така и хуманитарна..Точната вредност на фондот се очекува да биде потврдена на 6 март за кога е закажан вонредниот самит посветен на Украина и европската безбедност …А по најавите за ипраќање на европски војници во Украина, од Кремљ пак велат дека во никој случај нема да дозволат присуство на мировни трупи …

Сергеј Лавров – министер за надворешни работи на Русија: „За Русија ова не е опција. Ова се само разговори кои сакаат понатамошно разгорување на конфликтот. Празни зборови чија цел е да се наполни Украина со оружје.“ 

 

Во меѓувреме, се подготвува теренот за нова средба меѓу руски и американски дипломати… Според Кремљ, новиот состанок се очекува  да се оддржи во Турција до крајот на неделата.. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вардар преку Силекс до полуфиналето на Куп на Македонија

Следно

Додик осуден на една година затвор: „Од денес повеќе ја нема БиХ што ја замислувавте“

Latest from Blog

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да
Go toTop