Зеленски: Украина нема никаква врска со авионската несреќа во која загина Пригожин

August 24, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Украина не е вмешана во авионската несреќа во северозападната руска област Твер во која загинаа сите 10 патници, меѓу кои и шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, пренесува Анадолу.

На заедничката прес-конференција со португалскиот колега Марсело Ребело де Соуза во главниот град Киев, Зеленски рече дека Украина „нема никаква врска“ со инцидентот: „Мислам дека сите се свесни за тоа кој е вмешан“, објави украинскиот јавен сервис „Суспилне“.

Доцна синоќа, руската Федерална агенција за воздушен сообраќај соопшти дека авион „Ембраер-135“ се урнал во руската област Твер додека летал од Москва кон Санкт Петербург, при што загинале сите 10 патници во авионот, од кои тројца биле членови на екипажот.

Агенцијата подоцна објави листа со имињата на лицата во авионот, меѓу кои е и Пригожин, коосновачот на „Вагнер“, Дмитриј Уткин и други припадници на руската паравоена група.

Руската федерална агенција соопшти дека започнала истрага за несреќата, додека руска Истражна комисија преку Телеграм соопшти дека подигнала кривична постапка поради „прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот и функционирањето на воздушниот транспорт“.

Пригожин се најде на насловните страници во јуни кога започна „вооружен бунт“ против руското раководство и брзо го прекина по договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

МНР на Северна Македонија: Со загриженост и внимание ја следиме актуелната вонредна состојба во Грција

Следно

Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop