Зеленски тврди дека Русија употребила речиси 300 проектили и над 200 беспилотни летала во нападите од 29 декември

January 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски тврди дека Русија користела речиси 300 проектили и над 200 беспилотни летала во нападите од 29 декември, при што загинале најмалку 30 луѓе во главниот град Киев, јавува Анадолу.

„До денес, лансирани се речиси сто проектили од различен тип… И само во последните неколку дена – од 29 декември досега – Русија веќе употреби речиси 300 проектили и над 200 беспилотни летала ‘Шахед’ против Украина“, рече Зеленски во вечерното обраќање доцна синоќа, додавајќи дека разговарал и со британскиот премиер Риши Сунак.

Истакнувајќи дека Русија планирала нивните траектории да предизвикаат што е можно поголема штета, Зеленски рече дека ниту една друга земја не одбила такви напади комбинирани со беспилотни летала и проектили и дека противвоздушната одбрана на земјата само вчера соборила 10 проектили „Кинжал“.

Зеленски им се заблагодари на украинските сили за нивните напори во заштитата на небото на земјата, изразувајќи благодарност до Обединетото Кралство за подготвеноста да придонесе за воздушната одбрана на неговата земја.

„Покрај одбранбената соработка и нашите заеднички акции против тероризмот, разговаравме и за безбедносните определби за Украина и спроведувањето на Формулата за мир“, рече Зеленски за разговорите со Сунак.

Во врска со руските ракетни напади врз Киев, околниот регион на Киев и градот Харков во источна Украина, Зеленски рече дека операциите за спасување сѐ уште се во тек по нападите утрото и попладнето.

„Сите повредени, вкупно 130 лица, ја добиваат и ќе продолжат да ја добиваат потребната помош во Харков и регионот, Киев и регионот, Запорожје и сите погодени градови и области. Засега се пријавени пет лица загинати како резултат на овој масовен напад. Моето сочувство до сите што ги загубија своите најблиски“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските медиуми за убиството на Ал Арури: Крај на ерата на Хамас и можен застој во ослободувањето на заложниците

Следно

Мицкоски: Не прифаќам тајни средби со Ковачевски, составот на техничката влада ќе се знае по Водици

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop