Зеленски стравува од трета светска војна доколку Кина ја поддржи Русија

February 20, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека контактирал со кинеското раководство и побарал од нив да не ѝ даваат никаква поддршка на Русија во војната против Украина, пренесува Aнадолу.

„Се надевам дека Владата во Пекинг ќе задржи прагматичен став, во спротивно ризикуваме трета светска војна – сите сме свесни за тоа“, изјави Зеленски во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

Тој додаде дека Украина отсекогаш имала одличен однос со Кина и во интерес на сите е тоа да не се влошува.

Иако Кина се смета за еден од клучните поддржувачи на Русија, таа сè уште не обезбедува воена поддршка за Москва. Меѓутоа, САД тврдат дека Кина наскоро може да испорача оружје.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата за „Си-би-ес“ зборуваше за извештаите дека Кина размислува да обезбеди смртоносна поддршка за Русија.

На прашањето што мисли, Блинкен одговори: „Оружје, првенствено оружје.“

Зеленски го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон поради тоа што постојано барал разговори со Русија.

„Тоа ќе биде неуспешен дијалог. Всушност, Макрон губи време. Заклучив дека не сме во состојба да го промениме рускиот став“, рече Зеленски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Османи, на прес-конференција со Чавушоглу

Следно

Две возила изгореа во Скопје

Latest from Blog

ИЈЗ: Учениците не одат во школски тоалети зашто смрдат, па „закачуваат“ уринарни инфекции

Лошите услови во училишните тоалети е причина повеќето од учениците да избегнуваат да ги користат, што подоцна води до чести уринарни инфекции и констипација заради долготрајната задршка на урината и столицата, пишува

Уапсен е директорот на Болницата за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, се уапсени два лица под сомнение за кривични дела, примање мито и

Атанасоски во Отворено: „Вреди“ има проблем со легитимитетот кај гласачите, таму има истрошени кадри на ДУИ

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во Отворено рече дека, во политичката партија „Вреди“ во моментов проблем е нивниот легитимитет, но и судирот на ега и суети. Според него, се додека во Македонија се
afsqamarhyazeubebnbsbgcacebnyzh-CNzh-TWcohrcsdanleneoettlfifrfyglkadeelguhthahawiwhihmnhuisigidgaitjajwknkkkmkokukylolalvltlbmkmgmsmlmtmimrmnmynenopsfaplptparorusmgdsrstsnsdsiskslsoessuswsvtgtatethtrukuruzvicyxhyiyozu
Go toTop