Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина

February 5, 2025
1 min read

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто објавено на ЈуТјуб каналот на „Пирс Морган нецензурирано“ (Piers Morgan Uncensored) изјави дека САД заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори за вооружување.

Тој додаде дека американските компании оствариле големи приходи дури и преку лиценцирање, поради големата побарувачка на оружје и опрема.

– Американските компании заработија милиони дури и на лиценците, бидејќи немаат канцеларии во Европа. Значи тоа се милијарди приходи, наведе Зеленски.

Тој, исто така изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна.

Зеленски, на прашање на британскиот водител Пирс Морган за можноста за преговори со Путин, одговори дека тоа би го направил „ако тоа би бил единствена опција која може да донесе мир на граѓаните на Украина“.

– Во тој случај ќе прифатиме состанок на четири учесници, наведе Зеленски, без да прецизира кои би биле другите учесници, но Морган ја спомна можноста за преговори помеѓу Украина, Русија, САД и Европска Унија.

Путин кон крајот на јануари изјави дека е отворен за преговори за крај на војната во Украина, но отфрли директни разговори со Зеленски, бидејќи не гледа „волја“ кај Киев.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Црн петок за маркетите“: Нов повик за бојкот во петок

Следно

Николоски: Сè уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop