Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

March 26, 2026
1 min read

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку правните субјекти „Класик ДМ“ и „ММММ“.

Рашков појасни дека Општината нема надлежност за издавање лиценци за ноќни клубови или кабареа – тоа го прави Министерството за економија. Уплатите се делат по 50 отсто меѓу централниот и локалниот буџет, а во конкретниот случај вкупниот износ бил 246.000 денари, од кои половина легнале на сметката на Општина Кочани.

Сведокот истакна дека во даночниот регистар дискотеката „Пулс“ не постоела како правен субјект и дека не знае дали износот бил за лиценца за дискотека или кабаре. Тој додаде дека дознал за „Класик ДМ“ и „ММММ“ дури по трагичниот настан, и дека „ММММ“ е правен следбеник на „Класик ДМ“.

Во врска со инспекциски надзори, Рашков посочи дека инспекторите дејствуваат самостојно и независно и одговараат само пред градоначалникот, додавајќи дека не е запознаен дали во тој период бил извршен надзор врз објектот „Пулс“.

Тој потврди дека Општината само ја утврдува висината на надоместокот и дека правните лица вршеле уплати по тој основ, а сопственикот на дискотеката не е должен да извести за организација на настан.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Imerlije Saliu: Fuqizimi ekonomik i grave është domosdoshmëri

Следно

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop