Николоски: Сè уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8

February 5, 2025
1 min read

Сè уште нема договор, кога би имало би го објавиле, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со заедничката изградба на тунелот на железничката пруга од Коридорот 8 од македонска и бугарска страна.

Како што изјави Николоски, точно е дека се водат интензивни разговори и прашање на време е, на недели, а не на месеци, кога ќе се излезе со позитивни вести ако постои добра волја од страната на Бугарија.

-Идејата е да постигнеме договор со кој Скопје и Софија ќе се поврзат, а не да не се поврзат како што е сега, за жал. Договорот треба да содржи три сегменти, првиот е изградба на заеднички тунел што треба да ги поврзува двете држави. За жал, во претходниот проект тунелот завршуваше буквално на пола, на слепа улица или слепа пруга, вториот дел е јасна обврска да преземе Софија да го изгради делот од границата со Македонија до Ѓуешево, како и да го реконструира делот од Ѓуешево до Софија за да има модерна пруга и од нивната страна и третата обврска е наша, да направиме ревизија на проектот што веќе правиме зашто е невозможно толку скапо да чини тој проект, за толку малку километри толку многу пари да се потрошат, истакна Николоски по денешната посета на „Железници Транспорт”.

Според него, четирите локомотиви од Србија се стигнати минатата година.

-Тоа беше одлична работа зашто им донесе приход на „Македонски железници“ и со тој приход можевме да инвестиравме во ова што го промовираме денес, а постепено ќе користиме целосно домашни, македонски локомотиви, нагласи министерот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина

Следно

Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог

Latest from Blog

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О’Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во

Орце Ѓорѓиевски со екипите на градските јавни претпријатија на град СКОПЈЕ се на терен, ќе работат цела ноќ по невремето (VIDEO)

По силното невреме што денеска го зафати Скопје со бурни налети на ветер, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен за отстранување на последиците, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта

Ново невреме од Албанија и Косово доаѓа во Македонија – се очекуваат интензивни врнежи

По силното невреме што денеска предизвика штети во повеќе делови од земјата, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека кон Македонија се приближува нова нестабилна воздушна маса. Според информациите од УХМР, невремето
Go toTop