Зеленски: Русија не покажува интерес за крај на војната

March 16, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не покажува искрена намера да ја заврши војната, посочувајќи на континуираните напади врз украински градови, пренесе ДПА.

„Оние што навистина сакаат мир, не дејствуваат на овој начин“, порача Зеленски на социјалните мрежи.

Тој нагласи дека само во изминатата недела Русија лансирала повеќе од 1.020 беспилотни летала, околу 1.360 насочувани авиобомби и најмалку 10 различни типови ракети врз Украина.

Зеленски во принцип ја прифати идејата за 30-дневно примирје, предложена од САД, но истакна дека Москва ги поставува своите услови и не покажува вистинска флексибилност.

Украина ги повика своите западни сојузници да ја засилат воената помош и да продолжат со воведување на нови санкции против Русија.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп планира разговор со рускиот колега Владимир Путин во текот на неделата околу можностите за прекин на тригодишната војна, изјави неговиот советник Стив Виткоф за Си-Ен-Ен.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓани во Кочани палат свеќи за жртвите во пожарот

Следно

ФОТО: Ова се 5-те лица од Штип кои загинаа во Кочани

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop