Зеленски патува во Јапонија на самитот на Г7

May 19, 2023
1 min read

Посетата на Зеленски ќе биде негова прва посета на Азија откако Москва го започна нападот врз Украина и доаѓа во време кога Киев продолжува да бара воена поддршка од своите западни партнери пред долгоочекуваната контраофанзива

Јапонското Министерство за надворешни работи вчера објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува виртуелно на самитот на Г7, откако претходно оваа година беше поканет од јапонскиот премиер Фумио Кишида, но сега Си-ен-ен објавува дека Зеленски лично ќе отпатува во Јапонија и ќе присуствува на самитот.

Војната во Украина е важна точка на агендата на тридневниот самит, а се очекува лидерите да дадат силна изјава за единство за поддршка на Украина и да објават нови мерки против Русија.

Посетата на Зеленски ќе биде негова прва посета на Азија откако Москва го започна нападот врз Украина и доаѓа во време кога Киев продолжува да бара воена поддршка од своите западни партнери пред долгоочекуваната контраофанзива.

Очекуваното патување на Зеленски во Азија следи по европската турнеја во четири земји, каде што тој ги поздрави дополнителните ветувања за воена поддршка за одбраната на Киев.

Лидерите на Г7 на самитот на Г7, кој оваа недела се одржува во Јапонија, на кој доаѓа и американскиот претседател Џо Бајден, ќе покажат унифициран однос кон Кина заснован на заеднички вредности, признавајќи, сепак, дека секоја од овие земји ги одредува сопствените односи со Пекинг, изјави висок американски функционер.

За време на неговата посета на Јапонија, Бајден ќе покаже дека Вашингтон ја поддржува Украина и дека е поангажиран од кога било во Индопацифичкиот регион, изјави претставникот за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен. По тридневниот самит што започнува во петок, Бајден накратко ќе ја посети Папуа Нова Гвинеја, а потоа ќе отпатува за Австралија на состанок на групата позната како Квад (Австралија, Индија, Јапонија и САД).

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Македонскиот стрип на изложба во Сомбор

Следно

ФА го суспендираше Јирген Клоп

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop