Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Следно

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Latest from Blog