Зеленски на Златните глобуси: Нема да има трета светска војна, ова не е трилогија

January 11, 2023
1 min read

Зеленски ѝ порача на холивудската публика дека „војната во Украина сè уште не е завршена, но плимата се врти и веќе е јасно кој ќе победи“, што предизвика аплауз од толпата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во видео порака за време на телевизискиот пренос на Златните глобуси за да им се заблагодари на своите сојузници во „слободниот свет“. Американскиот актер Шон Пен го претстави украинскиот комичар кој стана политичар. Оскаровецот претходно се сретна со Зеленски во Киев и му ја подари својата статуетка Оскар, барајќи од претседателот да му ја врати кога ќе заврши војната.

Зеленски ѝ порача на холивудската публика дека „војната во Украина сè уште не е завршена, но плимата се врти и веќе е јасно кој ќе победи“, што предизвика аплауз од толпата.

„Сè уште има битки и солзи пред нас. Но, сега можам да ви кажам кој беше најдобар во претходната година – вие во слободниот свет, кој се обедини околу поддршката на слободниот украински народ“,

рече Зеленски.

Зеленски потоа потсети на доделувањето на Златните глобуси во раните 1940-ти, пред крајот на Втората светска војна.

„Нема да има трета светска војна. Тоа не е трилогија“,

рече Зеленски, пренесува Си-ен-ен.

Зеленски веќе имаше виртуелно појавување на Канскиот филмски фестивал и Греми наградите за да разговара за конфликтот и да им се заблагодари на сите оние во забавната индустрија кои ја подигнаа свеста за конфликтот што се случува на украинска територија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром доби нов училишен инвентар

Следно

ДАРАВЕЛСКИ ОСТАНУВА ВО ЗАТВОР – од судот велат дека казната за криминалот кој го сторил не застарела

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop