Зеленски: Две лица загинаа, 8 се повредени во напади на руски беспилотни летала

March 2, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес соопшти дека две лица загинале, а осум се повредени во напади со руски беспилотни летала врз градовите Харков, Одеса и Суми, пренесува Анадолу.

Зеленски преку платформата Х истакна дека еден од дроновите извршил напад на станбена зграда во Одеса и предизвикал штета на 18 станови.

„Во моментов е потврдено дека загинати се две лица, додека осум се повредени, меѓу кои и едно дете. Мое сочувство до семејствата и најблиските на загинатите“, рече тој.

Зеленски додаде дека на местото на нападот во тек е операција за пребарување и спасување.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека не гаѓало цивилни цели, тврдејќи дека украинската војска често крие оружје и воени штабови во станбени згради.

Зеленски ги повика партнерите да ѝ обезбедат на Украина повеќе системи за противвоздушна одбрана, нагласувајќи дека воздушниот штит на земјата „мора да се зајакне“ за да се заштити населението од руските напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дневен хороскоп: Почетокот на март ќе донесе нова љубов за овој знак, особено еден знак го очекува незаборавен ден поминат со пријателите

Следно

Нема француско-германски судир, тврди шефот на француската дипломатија

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop