Зеленски: Дојдено е времето за позитивна одлука за преговорите за членство на Украина во ЕУ

May 9, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека е дојдено време за „позитивна одлука“ за преговорите за членство на Украина во Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.

„Нашите вредности, безбедност, просперитет и мир на континентот. Сето ова може да се реализира за Европа 100 отсто само заедно со Украина“, рече Зеленски на прес-конференцијата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска пристигна во главниот град Киев.

Зеленски рече дека е дојдено време и за отстранување на „вештачката политичка непроѕирност“ во односите меѓу Украина и ЕУ, додавајќи дека смета на Европската комисија да даде позитивна оценка за напредокот на Украина кон европските интеграции.

Киев официјално аплицираше за членство во ЕУ на 28 февруари 2022 година, четири дена по почетокот на војната со Русија што Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

Европската комисија го објави своето мислење за апликацијата за членство на Украина во ЕУ на 17 јуни минатата година, по што Европскиот совет му додели на Киев кандидатски статус.

Во декември минатата година, украинскиот Парламент усвои неколку нацрт-закони препорачани од Европската комисија за да го продолжи процесот на пристапување на земјата кон ЕУ.

Зеленски рече дека Киев секојдневно ја покажува ефикасноста на својата одбрана од Русија, додавајќи дека се заблагодарува на подготвеноста на ЕУ да ѝ ја обезбеди на Украина многу потребната муниција, која, според него, изнесува еден милион артилериски проектили.

Зеленски, исто така, рече дека Украина очекува ЕУ да ги отстрани сите ограничувања за извозот на земјоделски производи, додавајќи дека смета на 11-тиот пакет санкции за Русија, што исто така ќе вклучи мерки против нуклеарниот сектор на земјата.

– Киев, „срцето на европските вредности“ –

Фон дер Лајен од своја страна изјави дека ѝ претставува чест и привилегија што е во Киев по повод Денот на Европа, а исто така ја поздрави одлуката на Украина да го назначи 9 мај како таков.

„Киев како главен град на Украина е срцето на денешните европски вредности. Украина е на првата линија на одбраната на сè што ние Европејците негуваме. Нашата слобода, нашата демократија, нашата слобода на мислата и говорот. Храбро, Украина се бори за идеалите на Европа што ги славиме денес“, рече таа.

Тврдејќи дека Русија ги уништила овие вредности во земјата, таа тврдеше дека Москва се обидува да го стори истото тоа во Украина, но дека „драматично не успеала“.

Таа понатаму ја повтори солидарноста на Европа со Украина „колку што е потребно“, додавајќи дека дополнителна муниција, финансиска поддршка и санкции биле на агендата на нејзината средба со Зеленски.

Таа додаде дека Европската комисија минатиот петок го усвоила предлогот за 11-тиот пакет санкции против Русија, што според неа, е фокусиран на сузбивање на заобиколувањето на санкциите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чавушоглу утре во Москва на разговори за Сирија

Следно

Со највисоки почести, Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство

Latest from Blog

Комерцијална, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Петочната сесија на Македонската берза беше обележана со значително зголемена активност, со вкупен промет од 58,9 милиони денари,

Трагедија кај Луштица: Девојка од Србија се удави додека се фотографирала

Во четвртокот попладне, во морето кај Луштица, екипи на рониоци и припадници на поморската единица неуспешно се обидуваа да го пронајдат и извадат телото на млада девојка од Србија. Девојката од Врњачка

Астероидот Рјугу содржел повеќе вода отколку што научниците сметаа дека е можно

Примероците собрани од астероидот Рјугу укажуваат дека тој во далечното минато содржел вода во многу поголеми количини, отколку што досега, научно, се сметаше дека е можно, што покажува дека слични вселенски тела

Филипче СЕ ИЗРЕЗИЛИ, Мицкоски професорски го поучи дека тој не е оној кој „ДОЗВОЛУВА“ декласификација на документи

По кој знае кој пат, продолжувајќи го лажниот и веќе патетичен наратив на СДСМ, нивниот прв човек Венко Филипче, очигледно збунет мислејќи дека ова е времето кога неговиот ментор Заев „палеше и
Go toTop