Со највисоки почести, Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство

1 min read

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова утре на свечена церемонија ќе му ги врачи бугарските документи на Христијан Пендиков. Церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија. Таа важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одличја.

Од Кабинетот на Потпретседателот на Бугарија известуваат дека церемонијата ќе се одржи во 14.30 часот.

Указот за добивање бугарско државјанство врз основа на бугарското потекло на Христијан Пендиков го има потпишано потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

Пендиков пред неколку месеци беше претепан во Охрид. Судскиот процес во кој се обвинети двете лица кои го извршиле насилството е во тек. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети” во Охрид.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Зеленски: Дојдено е времето за позитивна одлука за преговорите за членство на Украина во ЕУ

Следно

МАЈКЛ ДАГЛАС ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО КАН

Latest from Blog