Трагедија кај Луштица: Девојка од Србија се удави додека се фотографирала

September 12, 2025
1 min read

Во четвртокот попладне, во морето кај Луштица, екипи на рониоци и припадници на поморската единица неуспешно се обидуваа да го пронајдат и извадат телото на млада девојка од Србија.

Девојката од Врњачка Бања се удави вчера околу 15 часот, во близина на ртот Весло на Луштица, додека заедно со пријателка се фотографирала на една од карпите и ненадејно паднала во вода.

Според достапните информации, во моментот кога правела фотографија морето се разбранувало, а силните бранови ја повлекле девојката во длабочината.

Екипите на полиција и рониоци за кратко време го забележале телото како плива на површината, но поради неповолни временски услови и бранови, не успеале веднаш да му се приближат.

Потрагата по нејзиното тело продолжи и денес.

Од Центарот за безбедност во Херцег Нови информираат дека телото на удавената било воочено кај ртот Весло, но поради лошите временски услови и неможноста пловилата да излезат од Бококоторскиот залив, телото не можело веднаш да се извлече. Рониоци од Регионалниот центар во Бијела се на теренот уште од вчера.

На теренот се спроведува координирана акција, присутна е и хеликоптерската единица за надзор од воздух, а Управата за поморска безбедност со своите пловила и нашите ронилачки тимови детално го пребаруваат морското дно. Површината за пребарување е огромна, особено имајќи предвид дека длабочината во овој дел достигнува и над 100 метри.

Данило Мијajловиќ, Ронилачки центар Бијела

За поддршка на ронилачкиот тим, поради силни бранови и тешки услови на море, испратен е спасувачкиот брод SAR-1 од Управата за поморска безбедност.

Од Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа (UPSUL) за РТЦГ изјавија дека теренот е доста непристапен и се смета за еден од најтешките за потрага во Црна Гора, поради што е ангажиран и хеликоптер на МВР преку ОКЦ 112.

Хеликоптерската единица на МВР е во потрага по телото од раните утрински часови, а акцијата трае веќе повеќе од два часа и ќе продолжи и понатаму.

Извор: Moj Novi Sad

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Го фативме убиецот на Кирк, во пртивор е!

Следно

Комерцијална, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Latest from Blog

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше

Димовска: Условната осуда со надзор не значи дека сторителот останал неказнет

Пробацијата не претставува привилегија или неказнивост, туку начин на извршување санкција под надзор, со цел осуденото лице да се ресоцијализира. Ова го порача претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“. „Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките
Go toTop