Здравко Василески ја издаде книгата „НАТО во новиот светски поредок: геополитика и реализам“

August 8, 2023
2 mins read

Без теории на заговор, без шпекулации, без скриени агенди и индоктринирани ставови. Чист реализам и заклучоци базирани на факти. Тоа е препораката на Здравко Василески, авторот на книгата „НАТО во новиот светски поредок: геополитика и реализам“, која е во продажба на македонскиот пазар. Книгата има и српско издание.

Темата е одбрана бидејќи е исклучително важна и моментално актуелна, се наоѓаме среде геополитички и де факто воен судир помеѓу НАТО и Руската Федерација. Нашата држава како дел од Алијансата е и директно засегната страна во овој судир – вели авторот Здравко Василески.

Тој дополнува дека уште во 2014 година со руската анексија на Крим бил свесен дека се започнати иреверзибилни процеси кои може да еволуираат во конфликт со несогледливи последици.

Оттогаш, расцепот во односите помеѓу НАТО членките и Руската Федерација се повеќе се зголемуваше. На секоја ескалација се одговараше со уште повеќе ескалација, што беше особено видливо по 24 февруари 2022. Директното вклучување на Русија во Украинската граѓанска војна значеше преминување на еден опасен Рубикон. Светот влезе во една трусна фаза на геополитички земјотреси, во кои глобалната безбедносна архитектура едвај се одржува. Поради тоа, иднината е непредвидлива, но сепак, може да се конструираат издржани претпоставки во кој правец ќе се развиваат настаните. Патем, за многу теоретичари оваа војна и не е големо изненадување, а за тоа детално зборуваме низ целата книга. Историјата се повторува циклично, а токму тоа се случува и сега. „Стари непријатели стануваат пријатели, стари пријатели стануваат непријатели, а стари непријатели остануваат непријатели”, посочува Василески.

Според него одлуките кои НАТО членките ќе ги донесат во оваа фрагилна игра на шах се и одлуки кои ќе ја дефинираат иднината на светот. Нивниот опонент е нуклеарно највооружената држава во светот.

Простор за погрешни потези не смее да има, но и покрај тоа, несмасно беа направени премногу. Разбирајќи ги мотивите на НАТО, во книгата ќе се обидеме да разбереме во кој правец ќе се обликуваат идните меѓународни односи – дали може војната во Украина да се претвори во сеопфатна светска војна? Колкави се шансите да очекуваме ново жариште околу Тајван и Јужното Кинеско Море? Кој има бенефит од овие конфликти? И можеби најважното од сѐ – како да се воспостави меѓународен поредок кој обезбедува простор за аспирациите на сите и цврст отпор за прекумерните амбиции од кого било – вели Василевски.

Целта на книгата е преку емпириски методи на истражување суштински да ја изанализираме НАТО алијансата, притоа обидувајќи се да одговориме дали оваа организација е всушност фактор на стабилност или нестабилност, како што тврдат некои нејзини критичари.

Во голема мера се осврнуваме на тековниот конфликт во Украина, причините поради кои настана, последиците за сите засегнати страни и идните перспективи. Концизно се разработуваат односите помеѓу НАТО членките внатре во организацијата, но има и осврт на односите на Западот кон Кина и Русија од две гледишта, од западното и од Руско/Кинеското – заклучува тој.

Здравко Василески е роден во Скопје 1991 година. Дипломиран економист, а првата магистратура по Меѓународен бизнис ја завршил на ХУЛТ (HULT) школата во Лондон, В.Британија и во Сан Франциско, САД. Втората магистратура ја започнал на Универзитотот во Белград, Србија на смерот: Тероризам, безбедност и организиран криминал.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Директорот на АЕК: Динамо Загреб е апсолутно одговорен за инцидентите

Следно

ПСЖ сепак има свој адут во случајот со Мбапе

Latest from Blog

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот
Go toTop