Завршија разговорите на високо ниво меѓу Турција, Русија и Украина под водство на турскиот министер Фидан

May 16, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Трилатералниот состанок меѓу Турција, Русија и Украина, чија цел беше да се постигне мир меѓу Москва и Киев, заврши денес во Истанбул, јавува Анадолу.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ги водеше разговорите, кои се одржаа во палатата „Долмабахче“ во Истанбул и траеја околу 1 час и 45 минути, според турското Министерство за надворешни работи.

Во турската делегација беше и директорот на Националната разузнавачка организација (МИТ), Ибрахим Калин.

„Мора да ја искористиме оваа можност да напредуваме по патот кон мирот. Секој ден одложување предизвикува повеќе загуби на животи“, рече Фидан за време на својот воведен говор, обраќајќи се пред делегациите од Русија и Украина, како и пред турските посредници.

Руската делегација беше предводена од Владимир Медински, претседателски помошник на рускиот претседател Владимир Путин, а во неа беа и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин, директорот на Главната дирекција за разузнавање на Генералштабот Игор Костјуков, заменик-министерот за одбрана Александар Фомин и други официјални претставници.

Украинската делегација беше предводена од украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, во придружба на заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Кислица, заменик-шефот на Службата за безбедност Олександр Поклад, заменик-шефот на Надворешната разузнавачка служба, Олег Луховски, советникот на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Олександр Бевз и други.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас: Израелските напади се дел од планот за анексија на Западниот Брег и присилно раселување

Следно

Еден процент од децата Роми одат во градинка, шест отсто од вкупни запишаните Роми го завршиле основно училиште

Latest from Blog

Димовски: Оспорувањето на МПЦ-ОА е оспорување на македонскиот народ

Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел

Мајорка и Виљареал ги поделија бодовите

Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел. Перез го реализираше

Битола доби нова традиција: Илјадници посетители уживаа на Винскиот фестивал

Со многу емоции, благодарност и позитивна атмосфера заврши првото издание на Вински фестивал Битола, манифестација која во изминатите денови собра голем број посетители, љубители на виното, музиката и добрата забава. Организаторите преку
Go toTop