Заврши второто издание на Деновите на поезијата – Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

May 22, 2025
2 mins read

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија вчера во книжарницата  Литаратура.мк во Скопје Сити Мол.

– За мене тоа беше морална позиција, изјави најновиот афирматор на македонската книжевна реч во денешна Грција: Ако кај Македонците е посеан страв да го зборуваат својот јазик, тогаш еден Грк ќе го научи и ќе го зборува тој ист јазик по свој избор – и тоа со гордост. Како што го проучував јазикот, дојде и литературата – пред сè поезијата. Открив неверојатен литературен свет, исполнет со емоции, историска меморија и човечка достојност. Тоа беше поезија што заслужува да се слушне – не само затоа што е естетски вредна, туку затоа што ја носи душата на еден народ. Мојата ангажираност со македонскиот јазик и литература е сега дел од мојот идентитет. Тоа е чин на солидарност и отпор кон заборавот, неправдата и потиснувањето, подвлече Сотирис Минас.

Со неговиот соговорник, македонски поет и научник Иван Антоновски, тие отворија низа прашања од македонско-грчките поетски врски, во кои јазикот игра клучна улога. Говореа за Рацин и Полидури, за Конески и Валетас, за Шопов и Рицос, за Урошевиќ и Гогу, за Ѓорѓо Димоски и Џиџа, за Танчевa-Златева и Думба и за многу други грчки и македонски поети кои граделе и градат мостови помеќу двете соседни култури. Минас прочита негови препеви од грчката поезија на македонски јазик, како и негови препеви од македонската поезија на грчки јазик, мешу кои и извадок од книгата На Грамос, од Ацо Шопов, поради која на времето, на нашиот поет му бил забранет влез во соседната земја. Тоа покажува дека условите се менуваат на добро и дека, како што истакнаа соговорниците, „денес постојат нови можности за соработка и за претставување на македонската поезија во Грција, како и на грчката поезија на македонски јазик“.

„Допирот на генерациите“, кого Ацо Шопов во свое време го промовираше со многу жар, и кој е една од идеите водилки на Деновите на поезијата, стана кристално јасен со Санде Стојчески и Павлина Атанасова, претставници на две генерации македонски поети, чии зборови и стихови се вкрстија во „Диптихот“ кој го водеше Јулијана Величковска, како и со настанот насловен „Во дослух со Шопов“ со кој се затворија овогодишните Денови на поезијата. На него, под модераторство на Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет во Скопје и претседател на Македонскиот ПЕН центар, настапија петмина афирмирани современи поети со чии стихови македонската поезија го пречекори прагот на третиот милениум: Зоран Анчевски, Славе Ѓорго Димоски, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Раде Cилјан и Иван Џепаровски.

Под мотото “Поезијата е и стварност и фантазија, мит на јавето за блиското и далечно минато, за блиската или уште подалечна иднина“ (Ацо Шопов, 1976 год.) второто издание на Деновите на поезијата Со своите богати и разновидни содржини, го отелотворија мотото Со своите богати и разновидни содржини, второто издание на Деновите на поезијата ја отелотвори идејата на Шопов дека “Поезијата е и стварност и фантазија, мит на јавето за блиското и далечно минато, за блиската или уште подалечна иднина“. Следната година ќе се собереме под мотото „Поезијата е еден од можните одговори на прашањето на животот“.

 Фондација Ацо Шопов – Поезија

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Црно семе“ на НТ театар од Битола во официјална програма на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Следно

Меџити: 6 милијарди евра! Почнува нова ера на инвестиции, од Лондон кон Северна Македонија!

Latest from Blog

Барселона со голем гест по тешката повреда на Кристенсен

Барселона презема практични чекори за да го поддржи Андреас Кристенсен, на кого му е дијагностицирано делумно кинење на вкрстените лигаменти, бидејќи раководството на клубот работи на продолжување на неговиот договор. Се очекува

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100
Go toTop