Заврши претставувањето на кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

November 13, 2024
1 min read

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата вечерва ја заврши 14. седница на која беа претставени кандидатите за новиот седумчлен состав на Советот на Агенцијата за аудио- и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).   Од 24 кои ги исполнуваат условите од Конкурсот, своите биографии и визиите за работата на регулаторното тело за медиуми пред пратениците ги претставија 22 кандидати, откако кандидатурите ги повлекле Миле Бошњаковски и Виктор Грозданов.

Пратеникот Ѓорѓија Сајковски на крајот од седницата рече дека верува оти седумтемина што ќе бидат избрани „ќе го дадат максуимумот“ за да се подобрат медиумските услуги, но и дека со нивниот ангажман во Советот на ААВМУ ќе се  овозможи и подостоинствена работа на новинарите.

-Верувам дека секој од нив би дал максимален придонес зашто на денешната јавна расправа слушнавме импресивни настапи и идеи за следниот период на ААВМУ, рече Сајковски.

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Легендарен НБА тренер имал мозочен удар

Следно

Над 100 германски пратеници го поддржаа предлогот за забрана на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop