Над 100 германски пратеници го поддржаа предлогот за забрана на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија

November 13, 2024
1 min read

Повеќе од 100 пратеници во Бундестагот (Долниот дом на германскиот Парламент) ја поддржаа иницијативата за забрана на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), изјави Марко Вандервиц, пратеник од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), јави ДПА.

Вандервиц рече дека обезбедил поддршка од 113 пратеници од различни политички партии во Долниот дом на Парламентот со 733 места. Тие се обидуваат да протуркаат во Бундестагот резолуција за забрана на АфД и бараат Уставниот суд да се произнесе дали екстремно десничарската партија врши активности што се во спротивност со основниот закон.

Германското разузнавање ја вклучи АфД во својата листа на организации осомничени за десничарски екстремистички активности. Меѓутоа, само Бундестагот, Бундесратот (Горниот дом на германскиот Парламент) или сојузната влада можат да покренат постапка за забрана на политичка партија.

На прашањето дали пратениците ќе можат да дебатираат за предлогот пред изборите, кои се очекува да се одржат на 23 февруари, Вандервиц рече дека ќе има дебата пред крајот на актуелниот законодавен период. Сепак, според него, не е јасно дали предлогот ќе се гласа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши претставувањето на кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Следно

Џијан Емин меѓу светската музичка елита на џез фестивалот во Гимараеш

Latest from Blog

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на
Go toTop