Завршен настан од манифестацијата „Бадникови поворки“: Божиќен концерт во Филхармонија

January 9, 2023
1 min read

Во Филхармонија вечер од 20 часот ќе се одржи божиќен концерт на традиционални празнични песни – завршен настан од манифестацијата „Бадникови поворки“ за оваа година.

Најавено е учество на македонски музичари и пејачи, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот „Козма Пречистански“ и пејачи од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

– Свечена празнична симфонија од звуци, предводена од нашиот етаблиран музичар, композитор и основач на „Љубојна“ – Оливер Јосифовски, единствената Вера Милошевска – вокал, светскиот виртуоз на кларинет – Исмаил Лумановски, група „Чалгии мерак” и останатите врвни музичари: Филип Михајлоски – канон, Тони Арслан – виолина, Христијан Јаневски – тамбура, Роберт Ангеловски – кавали, Петар Христов – лира, Оливер Настовски – ут, Мите Наумовски – џумбуш, Анастасиос Иоану – кларинет, Демир Шакиров, Христијан Николовски и Шериф Мустафа – перкусии, како и вокалистите: Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан Филиповски (Некст тајм) и Никола Перевски – Пере (Нокаут), соопштија организаторите на концертот, кој ќе се пренесува директно на МРТ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јувентус до крајот на јануари без повредениот Влаховиќ

Следно

Велика Британија размислува да ја снабди Украина со тенкови

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop