Велика Британија размислува да ја снабди Украина со тенкови

January 9, 2023
1 min read

Според информациите, сè уште не е донесена конечна одлука, но таквиот потег ќе ја направи Британија првата нација која одговорила на молбите на украинските лидери до западните сојузници да ја опремат нејзината војска со моќни тенкови

Велика Британија размислува за првпат да и испорача на Украина борбени тенкови за да и помогне на нејзината армија во борбите против Русија, пренесува Гардијан.

Фото: EPA-EFE/ PHILIPP GUELLAND

„Скај њуз“, цитирајќи западен извор запознат со разговорите објави дека „веќе неколку недели“ се водат дискусии за испорака на одреден број британски борбени тенкови од типот Челинџер 2 на украинската војска.

Според информациите, сè уште не е донесена конечна одлука, но таквиот потег ќе ја направи Британија првата нација која одговорила на молбите на украинските лидери до западните сојузници да ја опремат нејзината војска со моќни тенкови.

Ова, како што се наведува ќе помогне да се охрабрат и другите сојузници на НАТО, особено Германија, да го следат примерот на Британија. Еден украински извор рече:

„Тоа би ги поттикнало и другите да испорачаат тенкови“,

рекол неименуван украински извор.

Според изворите на телевизијата „Скај њуз“, Велика Британија може да понуди околу 10 тенкови Челинџер 2, што би било доволно за опремување на еден ескадрон.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела го извести својот украински колега Володимир Зеленски дека неговата влада ќе испрати лесни борбени борбени возила „еј-ем-икс-10 рц“ за да ѝ помогне на Украина во нејзините воени напори.

Истовремено американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон размислува да испрати борбени возила од типот „бредли“ во Украина, но, не и тенкови.

Украинскиот претседател и покрај благодарноста до западните сојузници, сепак инсистира војската на неговата земја да биде снабдена со тенкови.

„Ова е нешто што испраќа јасен сигнал до сите наши партнери. Не постои рационална причина зошто Украина сè уште не е снабдена со западни тенкови“,

рече Зеленски.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Завршен настан од манифестацијата „Бадникови поворки“: Божиќен концерт во Филхармонија

Следно

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди Индонезија

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop