Затворски казни за расистички навреди кон Винисиус

May 21, 2025
1 min read

Окружниот суд во Ваљадолид осуди петмина навивачи за расистички навреди кон играчот на Реал Мадрид, Винисиус.

Тие беа осудени на условна казна затвор од една година.

Во тој период, тие нема да можат да влезат на стадион, а ќе треба да платат и казни во висина од 1.000 до 1.600 евра.

Како што е наведено, ова е прв пат во Шпанија расизмот на фудбалските стадиони да се третира како злосторство од омраза.

За потсетување, инцидентот се случи за време на натпреварот Ваљадолид – Реал во септември 2022 година на стадионот „Хозе Зориља“.

Потоа, откако го напушти теренот, Винисиус беше расистички навредуван од навивачите на Ваљадолид.

Патем, играчот на Реал Мадрид постојано е на мета на расисти за време на неговиот престој во Шпанија, а тројца навивачи на Валенсија беа осудени на осум месеци затвор за расистички напад во мај 2023 година.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Само 5% ултраортодоксни Евреи од 24.000 одговориле на наредбите за регрутација во 2024 година

Следно

Трајко Славески е предложен за нов гувернер

Latest from Blog

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е

Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите

МБИ10 со ново намалување: Над 13 милиони денари промет на берзанската сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.403,28 поени. Во однос
Go toTop