Започнаа мировните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул, пристигна и шефот на турската разузнавачка служба

June 2, 2025
1 min read

Турската делегација, домаќин на преговорите, прва пристигна на местото на денешната средба меѓу руските и украинските преговарачи во Истанбул. Руската делегација, предводена од Владимир Медински, пристигна околу 11:40 часот, додека украинската делегација пристигна седум минути подоцна.

Преговорите се закажани за 12 часот, а времетраењето на разговорите не е однапред утврдено. Претходниот круг преговори, одржан на 16 мај, траеше помалку од два часа.

Состанокот се одржува во палатата Чираган, луксузна историска зграда на брегот на Босфорот, каде што руските и украинските претставници веќе преговараа во средината на минатиот месец.

На местото на состанокот пристигна и директорот на турската разузнавачка служба МИТ, Ибрахим Калин, што ја нагласува важноста што Анкара ја придава на овој дипломатски процес.

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Сергиј Кислица, се сретна со претставници на Германија, Италија и Обединетото Кралство пред денешниот состанок со Русија во Истанбул, потврди портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Хеорхиј Тихи.

– Страните ги усогласија ставовите пред денешниот состанок на украинската и руската делегација, изјави Тихи.

Тој додаде дека Украина уште еднаш ги истакна клучните точки од својата агенда, вклучувајќи средба на лидерите на двете земји и целосен прекин на огнот како главни цели на преговорите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра

Следно

Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина во Брисел

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop