Законските измени за платите не ги опфаќаат сите функционери

February 28, 2024
1 min read

Од 1.260 избрани и именувани функционери, 1.060 се опфатени со предложените законски измени да нема покачување на нивните плати, но измените не опфаќаат 200 директори кои ги именува Владата, а не Собранието. Изборниот закон може да биде пречка за интеревнцијата во платите. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека ќе се консултираат со ДИК и со Антикорупциската комисија пред да ја достават одлуката на владина седница.

„Мојата порака до сите директори е тоа да го сторат согласно нивните надлежности преку управните одбори, доколку Владата не е во можност да донесе одлука поради член 8 од Изборниот законик, сами тие да одлучат. Станува збор за сите оние директори кои ги именува Владата, надвор од регулаторните агенции што ги именува Собранието“, рече Битиќи.

Министерот за труд и социјална политика од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ѓоко Велковски, вели дека ова решение не е долгорочно, но се прави за да се намали граѓанскиот револт.

Иницијативата за законски измени со кои се регулираат платите на државните функционери, односно се ограничува нивното покачување, до Собранието ја поднесоа група пратеници на СДСМ, бидејќи немаа поддршка од владиниот партнер ДУИ во Владата

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Научно докажано: Кои се најпаметните раси кучиња?

Следно

Израелскиот режисер на наградуваниот филм за Палестина рече дека неговото семејство добило закани

Latest from Blog

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени
Go toTop