Тајната за Лајка била чувана со децении, но никој не очекувал ваква вистина

November 3, 2025
1 min read

На денешен ден,
пред 68 години, на 3 ноември 1957 година, првото живо суштество било испратено
во вселената. Тоа била Лајка, тригодишно улично куче.

„Деветте кругови
околу Земјата ја направиле Лајка првиот астронаут во светот кој бил жртвуван за
следните мисии во вселената да бидат успешни“, рекол рускиот биолог Алилија
Котовскаја, која е горда на својата работа како тренер на Лајка.

Пред Лајка,
имало неколку обиди со други кучиња кои летале само по неколку минути за да
можат научниците да добијат податоци за тоа како се справуваат во нулта
гравитација. Сепак, Лајка била првото куче кое всушност било испратено во
вселената.

За да се
прилагодат кучињата на капсулата под притисок, која е долга само 80 сантиметри,
Котовскаја ги дресирала така што ги преместувала во сè помали кафези на секои
неколку дена. Кучето би го поминало и тестот под центрифугата, што ја стимулира
моќноста при лансирање на сателитот, но и бучавата.

Од сите други
кандидати, Лајка, тригодишна мешана раса од московските улици, најдобро ги
помина тестовите.

„Ги избравме
женките бидејќи не мора да ја креваат ногата при мокрење и со тоа зафаќаат
помалку простор. Ги избравме скитниците бидејќи се поснаодливи и немаат многу
барање“, вели Котовскаја, додавајќи дека кучињата морале да бидат и
фотогенични.

Покрај тоа што
биле фотогенични, тие добиле и значајни имиња поради пропаганда. Името Лајка
доаѓа од руски збор што значи „лаење“. Котовскаја вели дека имала исклучителна
природа, прилагодливост и интелигентен и прашалнички поглед и додава дека
вечерта пред мисијата, сите членови на тимот дошле да се збогуваат со Лајка.

„Знаевме дека ќе
умре за време на летот, во тоа време немаше начин да ја вратиме. Отидов да ја
посетам, ја замолив да ни прости и плачев додека ја галев за последен пат“,
вели Котовскаја. Еден ден подоцна, Лајка тргна на патување без враќање.

Сателитот Спутник
беше лансиран во 5:30 часот по московско време од Казахстан, и на почетокот сè
изгледаше дека оди според планот.

„Во текот на
летото, срцето на Лајка многу забрза, и само по три часа се врати во нормала. А
потоа одеднаш, за време на деветтиот круг околу Земјата, температурата во
капсулата почна нагло да скока и достигна 40 степени Целзиусови, поради
недоволна изолација од сончевите зраци.“

Иако имаше надеж
дека Лајка ќе остане жива најмалку 10 дена, таа почина од топлотен удар и
дехидрација само неколку часа по лансирањето.

И покрај ова,
советското радио продолжи да известува за „добрата здравствена состојба“ на
Лајка, која стана глобална хероина.

Според
официјалната верзија што Москва ја држеше долго време, Лајка починала од отров
ставен во нејзината храна за да не изгори кога капсулата повторно ќе влезе во
атмосферата.

Самиот Спутник
се распаднал во атмосферата на 14 април 1958 година, над Антилите. Лајка тогаш
била мртва со месеци.

Вселенското
патување на Белка и Стрелка, првите кучиња што се вратиле од вселената на 19
август 1960 година, го отворило патот за Јуриј Гагарин, кој станал првиот човек
во вселената на 12 април 1961 година.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калас во Сараево: Ќе спречиме каков било безбедносен вакуум, нема да дозволиме историјата да се повтори

Следно

Биографот на поранешниот принц Ендру открива што ќе прави до крајот на животот: „Го уништи семејството“

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop