Законот за данок за солидарност на собраниска седница

February 21, 2023
1 min read

Собранието денеска ќе ја продолжи 103-та седница на која меѓу точките на дневниот ред е и Предлогот на закон за данок за солидарност, по скратена постапка, со кој се предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка.

Во образложението од Предлог законот поднесен од Владата, односно од Министерството за финансии се наведува дека се носи по урнекот на Регулативата на ЕУ 2022/1854 од 6 октомври 2022 година за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата заради ублажување на последиците од енергетската криза. Преку плаќањето на овој вид тн данок на екстра профит, компаниите кои во услови на криза оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на последиците од кризата.

-За постигнување на истата цел, сметаме дека и нашата држава треба да преземе активности за воведување на данок кој што ќе има солидарна функција и преку кој ќе се обезбедат финансиски средства кои во целост ќе се користат за финансирање на Програма за мерки за справување со кризата. Ваквиот данок е од општ интерес за сите граѓани, и неговото воведување ќе се заснова на принципите на правичност,
еднаквост и пропорционалност, според кои секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности, стои во образложението за Предлог законот.

Обврзник за плаќање на овој вид на данок, како што се наведува во предлог текстот на законот, е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. Данокот ќе треба да се плати најдоцна до 31 мај, годинава, а се очекува да предизвика позитивни фискални импликации врз Буџетот на државата во износ од околу 4,7 милијарди денари.

Меѓу преостантите точки се и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог на закон за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој, Предлог на закон за изменување на Законот за царинска тарифа, како и Предлогот на закон за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица, сите по скратена постапка.

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Северна Македонија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва, како и Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента I: Ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.

На веб страницата на Собранието нема најава кога ќе продолжи 104-та седница на која се расправа за Предлогот за реконструкција на Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВИДЕО: Снимка од новиот земјотрес во Турција ја леди крвта, погледнете како се тресеше земјата

Следно

Силен земјотрес утринава во Иран

Latest from Blog

Четврта фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје

Во доцните вечерни часови, сѐ до рано наутро, беше реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци, од земја, на подрачјето на градот Скопје, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Ова е важна превентивна мерка

Швајцарија се разигра, Босна се распадна (ВИДЕО)

Наместо уште еден херојски момент на репрезентацијата на Босна на овој Мундијал, вечерва добивме показна вежба за тоа како се користат противничките грешки од страна на репрезенатцијата на Швајцарија. Конечниот резултат на

ФИЦО ПРЕЖИВЕА И ГЛАСАЊЕ ПО АТЕНТАТОТ: Словачкиот парламент изгласа доверба на владата

Словачката влада доби гласање за доверба во парламентот, кое беше предизвикано од тоа што долгот на земјата ги надмина фискалните ограничувања утврдени со Уставот. Сите 78 пратеници лојални на трипартитната коалициска влада

Се огласи бугарска амбасада во Скопје: Да не се блокираат границите, а бугарските организации во Македонија да не се означуваат како антимакедонски

Амбасадата на Бугарија во Скопје се огласи за најавената блокада на трите гранични премини со Македонија од бугарската фондација „Македонија“, барајќи бугарски организации да не се означуваат како антимакедонски. „Им обрнуваме внимание
Go toTop