Зајкова: Македонија треба да ги збие редовите и да работи на развој – ЛДП се стреми да биде власт, не да кокетира со власта

November 17, 2024
1 min read

ЛДП во парламентот делува независно и делуваше независно и во минатиот парламентарен состав, бранејќи ја својата либерално-демократска политика и идеја, ЛДП не кокетира со власта, како и секоја политичка партија, ЛДП се стреми да биде власт, а не да биде кокета, изјави во вчерашното интервју во Дневникот на МРТВ, претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова.

Претседателката Зајкова додава дека ЛДП има одлични програми и идеи, наведувајќи ја како пример изборната програма „Има Излез“, која ЛДП ја усвоила во 2011-тата година, за од таа програма денеска да се најдат низа решенија ископирани во други партиски програми, па дури мерки од таа програма се преземени и во водењето на државната политика.

„И не е грев да се преземаат идеи затоа што намерата е добра и ЛДП ќе соработува овие идеи да бидат имплементирани, затоа што се покажа дека се добри за граѓаните. Мене единствено што ми е жал е тоа што ЛДП во минатото не успеала да се наметне и да ги испромовира тие идеи подобро. Меѓутоа, еве ќе дадеме можност да соработуваме и тие идеи да станат во целост имплементирани, но не само да бидеме еден обичен соработник или да бидеме дел од власта, туку да бидеме препознаени како партија која работи на решенија за граѓаните и добробит на државата“, посочува претседателката Зајкова.

Говорејќи за искуството од претседателските избори во САД годинава, Зајкова ѝ ја честита победата на новоизбраната администрација и претседателот Доналд Трамп и истакна дека е важно сите да се стремиме да го достигнеме нивото на демократија при одржување и спроведување на избори кое што го имаат Соединетите Американски држави.

„За Македонија и за Балканот не би требало да има некакви големи поделби, затоа што една од клучните стратешки цели на САД е токму стабилизација на Балканот и негова целосна европска интеграција. Сметам дека треба повеќе да се занимаваме со оние прашања кои што можат кај нас да предизвикаат одредени последици. Ние некако многу влеговме во еуфоријата за тоа кој ќе биде американскиот претседател, слушаме и стравуваме од одредена криза поради пад на германската економија. Мислам дека тука треба малку Македонија да ги збие редовите и да почне да работи што и таа може да даде и придонесе за развој на тоа стратешко партнерство, но и за развојот на економијата“, заклучува претседателката Зајкова, додавајќи дека ЛДП подава рака на левите и на десните сили, сите заедно да ги пребродат овие работи и да градат решенија и сите заедно да бидеме сведоци на европскиот напредок на државата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

И загадениот воздух влијае за повеќе предвремено родени бебиња

Следно

Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања

Latest from Blog

Ердоган: Се појавува нов геополитички поредок со Турција во неговиот центар

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека се појавува нов геополитички поредок со Турција во неговиот центар, додека глобалната динамика се менува, а регионалните рамнотежи на силите одново

Невидена сцена во едно финале: Лекарот на Спарта „исшамара“ противнички фудбалер (ВИДЕО)

Спарта Прага има ужасна сезона и остана далеку од новиот шампион Славија Прага во домашното првенство, но великанот од чешката престолнина вчера пропушти да ја намали болката со утешна награда во Купот.

Излеани хемикалии во скопска Пинтија – на терен инспектори, напишаа казна од 45 илјади евра и затворање на погонот!

Од Град Скопје информираат дека во текот на денешниот ден во нас. Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното

Путин нема да биде дел од мировните преговори во Истанбул

Планираните разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за втората половина од денот на иницијатива на турската страна. Ова го соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. 

Кошта за гаранциите од ЕУ за Македонија: Треба да се испорача договореното и нема простор да се бара нешто повеќе

Она што е договорено е договорено и нема веќе за што преговараме. Со оваа порака дојде претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, одговарајќи на прашањето дали Европската унија ќе понуди некакви гаранции
Go toTop