Захарова: Западот ја уценува Србија да не соработува со Русија

December 26, 2023
1 min read

Таа додаде дека Украина некогаш била вовлечена во истата рамка, а сите предупредувања од Русија биле игнорирани. Исто така, Захарова рече дека Србија во текот на својата историја не дозволила вакво сценарио на своја територија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека Западот ја уценувал Србија за да не соработува со Русија.

„Како и досега во Украина, Западот и постави услов на Србија, наместо хармоничен развој во согласност со националните интереси на српскиот народ, да направи тежок избор – или со Запад или со Русија. Но, сега тој избор е формулиран сосема поинаку, така што Србија може да го избере само Запад“,

рече Захарова.

Според неа, нивните последни барања главно звучат како ултиматум, „што и да прави Србија, единствено не смее да соработува со Русија“.

Таа додаде дека Украина некогаш била вовлечена во истата рамка, а сите предупредувања од Русија биле игнорирани. Исто така, Захарова рече дека Србија во текот на својата историја не дозволила вакво сценарио на своја територија.

„Србија избра да се води од своите национални интереси. Не се согласи да ги исполни условите на Западот“,

изјави портпаролката на руското МНР.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вчера во гостување на телевизија Пинк јавно им се заблагодари на руските безбедносни служби за тоа што споделиле информации со српските колеги дека се подготвуваат немири по изборите.

Претходно Захарова оцени дека Западот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Србија користејќи техники како на Мајдан.

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Бочан-Харченко, по вчерашната средба со српскиот претседател, изјави дека Вучиќ имал непобитни информации дека Западот поттикнува протести во земјата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Србија од 1 јануари дозволува сообраќај на автомобилите со таблички на Косово

Следно

СЗО: Ситуацијата во болниците во Газа е застрашувачка, многу цивили ги губат своите животи

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop