Загинаа 25 Палестинци при превртување на камион со хуманитарна помош, 19 убиени од израелски истрели

August 6, 2025
1 min read

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 25 лица загинаа, а десетици се повредени при превртување на камион со хуманитарна помош врз толпа луѓе што чекаа испорака на помош, а денес израелската армија уби уште 19 Палестинци низ Појасот Газа, јавува Анадолу.

Државната новинска агенција Вафа соопшти дека фаталниот инцидент се случил откако израелската армија го принудила камионот да тргне по небезбеден пат во централниот дел на Газа.

Агенцијата не ја прецизираше точната локација на инцидентот.

Во меѓувреме, медицински извор изјави дека петмина Палестинци биле убиени од израелски оган додека чекале испорака на помош во близина на дистрибутивен пункт во западна Рафа во Јужна Газа.

Пет члена на едно семејство се убиени, а повеќе од 20 лица се повредени во напад на стан во бегалскиот камп Нусеират во централна Газа.

Во Газа е убиено шестмесечно бебе во израелскиот напад со беспилотно летало врз шатор во кој се сместени раселени семејства.

Израелски напади имало и врз две куќи во овој град, при што се убиени осуммина Палестинци, меѓу кои и деца.

Израел спроведува блокада на Газа 18 години, а од 2 март ги затвори сите гранични премини, сериозно ограничувајќи ја хуманитарната помош, со што уште повеќе се влошени тешките услови за 2,4 милиони жители во енклавата.

Според Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа, Израел од 27 јули дозволил влез на само 843 камиони со хуманитарна помош – значително помалку од 6.000 камиони што се потребни за да се задоволат дневните потреби на жителите во текот на 10 дена.

Палестинските бројки покажуваат дека се убиени најмалку 1.568 лица што чекале да добијат помош, а 11.230 се повредени од израелски оган во близина на американските центри за дистрибуција на помош во Газа од 27 мај.

Властите во Газа ја обвинуваат израелската армија за „предизвикување хаос и глад“ во енклавата со тоа што намерно се воздржува од обезбедување на камионите со помош и ги принудува Палестинците да бараат помош на претходно бомбардирани и необновени патишта „преполни со гладни цивили“.

Шемата за помош, изготвена од Израел, е широко критикувана како „стапица за смрт“ за гладните цивили.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија уби над 60.400 Палестинци во Газа, повеќето од нив жени и деца, од октомври 2023 година. Воената кампања ја уништи енклавата, го разори здравствениот систем и доведе до смрт од глад.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид во Меѓународниот суд за правдата за неговата војна во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орце Ѓорѓиевски: Скопската чаршија заслужува внимание и вистинска грижа

Следно

Ердоган: „Турција е лидер во светот во археолошки откритија“

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop