Загинаа 2 мали девојчиња, фудбалер и неговата девојка… од 14 загинати, не е утврден идентитетот само на едно лице

November 2, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека се идентификувани 13 лица кои загинаа во вчерашната несреќа на железничката станица во Нови Сад и дека уште едно лице не е идентификувано.

-Обвинителството и полицијата идентификуваа 13 лица. Загинати се и две внуки, родени 2014 и 2018 година и дедо од Ковил… Имате фудбалски клуб кој денеска објави дека загинато е момче и девојка, фудбалер роден 2003 година и неговата девојка 2004 година, исто така дете родено во 2007 година и во 2008 година, изјави Дачиќ за ТВ Прва.

Тој додаде дека три лица се пренесени во Ургентниот центар во Нови Сад и дека едно лице е веднаш извлечено, додека за две лица имало тешка борба која траела со часови.

-Едната девојка е родена во 2001 година, другата е родена во 2008 година, а на момчето, родено во 2006 година му е ампутирана ногата, додаде Дачиќ.

Прво, додава тој, во акцијата за спасување била прегледана снимката.

-Се проценуваше, рекоа дека 17 луѓе се под таа настрешница, според камерата што беше таму. Преживеаја три лица. Друга идентификација немаме. Почина и граѓанин на Македонија, го известив мојот колега министер синоќа, кажа тој.

Според министерот, „прогнозите биле песимистички од самиот почеток, имајќи ја предвид тежината на изградбата и сериозноста на настанот“.

-Спасувачите можеа да констатираат само смрт, само три лица се повредени, сите други се мртви на самото место. На еден млад човек му беше ампутирана ногата, докторот ни кажа дека такви повреди не видел од војната, а проценки се дека тежината на тие бетонски блокови е околу сто тони. Повредите биле такви што смртта најчесто настапувала на самото место, кажа тој.

Дачиќ изјави дека веќе денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица, „почнувајќи од врвот“.

-Обвинителството го прави сето тоа, веќе денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица, почнувајќи од врвот, од ресорното министерство, јавното железничко претпријатие, документацијата која се однесува на самата зграда, ќе се земе документацијата за зградата, мислам за тоа кој ја носел одлуки, изјави Дачиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелски напади врз северниот дел на Газа се убиени 84 Палестинци, од кои 50 се деца

Следно

Лефков: Судскиот совет изврши упад во Академијата за судии и обвинители, во УО назначи свој член и сестра на пратеничката Калевска од СДС

Latest from Blog

Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,
Go toTop