Во израелски напади врз северниот дел на Газа се убиени 84 Палестинци, од кои 50 се деца

November 2, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 84 Палестинци синоќа се убиени, меѓу кои повеќе од 50 се деца, во два брутални масакри насочени врз палестинските домови во северниот дел на Газа, подрачје кое израелската армија го држи под цврста опсада околу еден месец, известува Анадолу.

Во соопштението на владината канцеларија за медиуми во Газа се наведува дека израелската армија бомбардирала згради во северниот дел на Газа, во кои биле сместени 170 цивили.

Во два брутални масакри што ги изврши окупаторската израелска армија, животот го загубија 84 лица, од кои повеќе од 50 се деца, а на десетици се водат за исчезнати под урнатините или се повредени“, се вели во соопштението.

Се нагласува дека „Израел извршил геноцид во Газа“ и дека цел на израелската армија биле зградите во кои се засолниле цивили и раселени Палестинци.

Тимовите за медицинската и цивилната заштита не можеле да ги исполнат своите задачи бидејќи кон ниво било пукано во северниот дел на Појасот Газа, место кое израелската армија под цврста опсада го држи околу еден месец.

Здравствените власти во палестинската енклава информираат дека израелската армија таргетирајќи ги болниците, намерно го урива здравствениот систем во северниот дел на Газа, ставајќи ги надвор од употреба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓу загинатите во Нови Сад и 45- годишниот Васко Саздовски, македонски научник од „Биосенс“

Следно

Загинаа 2 мали девојчиња, фудбалер и неговата девојка… од 14 загинати, не е утврден идентитетот само на едно лице

Latest from Blog

Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,
Go toTop