Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

January 13, 2025
1 min read

Активни забрани за тешки товарни возила попладнево има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, како и на планинските премини Плетвар, Пресека и Ѓавато. Покрај забраната за движење на автобуси и товарни моторни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема, покажуваат информациите од Авто-мото сојузот од 18 часот.

Укинати се забраните за тешки товарни возила на патните правци Делчево – граничен премин „Делчево“ и Струга – граничен премин „Ќафасан“.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенцијата на дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонијапат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава, се наведува во соопштението на АМСМ.

Ноќва се очекува да има повремени врнежи од снег, што ќе престануваат во доцните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а можна е и појава на голомразица и снежни наноси.

Утре се очекува да има повремени врнежи од снег, претежно со слаб интензитет во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури се очекува насекаде да бидат негативни.

Според синоптичарите, во следните денови ќе преовладува стабилно и студено време, со ниски утрински температури што поради разведрувањето, дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени. Од средината на неделата ќе има услови за појава на утринска магла.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Борбата за правда продолжува, ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето“, вели Јанкуловска по ослободителната пресуда

Следно

Израел ќе одобри изградба на 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег во рок од шест месеци

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Во некапацитетноста Филипче е докажан кадар, почнувајќи од корона периодот кога му починаа 10.000 граѓани, се до водењето на СДС што ја донесе до едвај 130.000 гласа

Венко Филипче, не се грижи за ништо друго освен да си ја зачува фотелјата во СДС, која впрочем и му ја чува на неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче ниту го интересира стандардот

Зарем е можно: ФИФА сериозно размислува на СП 2030 да учествуваат 64 репрезентации!

ФОТО: FIFA.COM Ако првичните шпекулации ретко кој ги сфаќаше сериозн, сега веќе не е така. Имено чечниците на ФИФА сериозно размислуваат за големи промени во историјата на овој спорт. Станува збор за
Go toTop