ВМРО-ДПМНЕ: Во некапацитетноста Филипче е докажан кадар, почнувајќи од корона периодот кога му починаа 10.000 граѓани, се до водењето на СДС што ја донесе до едвај 130.000 гласа

April 2, 2026
1 min read

Венко Филипче, не се грижи за ништо друго освен да си ја зачува фотелјата во СДС, која впрочем и му ја чува на неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче ниту го интересира стандардот на граѓаните, ниту е загрижен за енергетиката која токму владата на СДС ја уништи и ја ограби, со наместени тендери за што нивниот Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е во бегство за милионски криминал, се вели во соопштението од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интерју на лидерот на СДСМ Венко Филипчe.

-Српско руските духови кои повторно се разбудени кај Филипче, поврзани се токму со СДС, почнувајќи од белорускиот конзул Борче Марковски кои на неговата фирма „Марковски“ му доделуваа тендери во вредност од над 100 милиони евра, па се до прорускиот украински политичар, сега веќе осуден на 15 години затвор за перење пари и корупција, кому му доделија македонско државјанство додека бегал од правдата. Во некапацитетноста Филипче е покажан и докажан кадар и тоа најмногу го докажа во периодот на министерувањето во корона периодот, кога Македонија ја фрли на колена по број на смртни случаи, каде рушевме светски и европски рекорди, со околу 10.000 починати лица. Во тој период Филипче се покажа способен само во процентите, кога додека светот и државите од регионот набавуваа вакцини против ковид за своите граѓани, тој договараше проценти за набавка на ковид вакцини по цена дупло повисока од пазарната од фирма за овошје, велат од владејачката партија.

Исто така, не треба да ја заборавиме и модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 граѓани, токму поради лакомоста за профит и повисок процент од тендерска постапка, чија спецификација Филипче лично ја подготвил и ја потпишал.

-Исто така, своето немање капацитет Филипче го потврди и со раководењето на партијата каде што со празната реторика и промашена ПР стратегија, СДС ја направи трета партија во државата со одвај 130 гласа. Во однос на грижите на Филипче за правосудството, знаеме дека плаче по Љупчо Коцевски за кого до последно се бореа да остане на чело на обвинителство, кој и покрај бројните афери и индиции за криминал, за него и неговите партиски другари нема никаква истрага. Периодот на владеење на СДС беше време кога судии и обвинителите се бираа по партиските штабови во Струмица и на Бихаќка. Јавноста не заборава дека во семејна куќа на судијка, беше сместен општински штаб на СДС. Не заборава ниту на судијката Ана Павловска Данева, поранешна потпретседателка на СДС и нивна пратеничка, како ни на Весна Дамева, која гордо сликана со Заев, стигна до претседателка на Судски совет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На училиште Катја кажувала како татко и ја тепа мајка и

Следно

Трамп се огласи по разрешувањето на Пам Бонди, откри кој ќе ја наследи

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop