Израел ќе одобри изградба на 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег во рок од шест месеци

January 13, 2025
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелските власти планираат во наредните шест недели да одобрат изградба на 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег, соопшти денес израелската организација против населување „Мир сега“, јавува Анадолу.

„Доколку плановите од оваа недела бидат одобрени, тоа ќе значи дека во период од еден и пол месец ќе бидат обезбедени 2.749 единици за домување“, се наведува во соопштението на организацијата што го следи процесот на изградба на израелски населби.

Организацијата предупреди дека со ова темпо 2025 година би можела да биде „рекордна“ по бројот на одобрени станбени единици на Западниот Брег, со просек од 1.800 месечно.

Според „Мир сега“, Високиот плански совет (HPC) на Израелската цивилна администрација треба да се состане во среда за да одобри изградба на 372 единици во населбата Беитар Иллит, јужно од Ерусалим.

„Овој состанок е дел од неодамнешниот тренд на неделни сесии за промоција на планови за изградба на населби, а целосно изостануваат слични дискусии за одобрување палестински градби во подрачјето“, соопшти организацијата.

Подрачјето Ц, кое зафаќа околу 60 отсто од окупираниот Западен Брег, е под целосна контрола на Израел.

Според Договорите од Осло од 1995 година, окупираниот Западен Брег беше поделен на три подрачја: подрачје А под целосна палестинска контрола, подрачје Б под израелска безбедносна и палестинска цивилна и административна контрола и подрачје Ц под целосна израелска контрола.

„Мир сега“ истакна дека откако актуелната Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху ја презеде функцијата кон крајот на 2022 година, одобрен е рекорден број станбени единици на Западниот Брег.

„Во 2023 година HPC одобри 12.349 единици за домување – рекордно висока бројка. Во 2024 година одобрени се 9.884 единици“, се додава во соопштението.

Претходно за плановите за изградба на населби беше потребно одобрување од министерот за одбрана, кој последниве години ги ограничуваше планските сесии на четири годишно, при што на секоја сесија се одобруваа илјадници единици.

Меѓутоа, последниве недели процесот значително се смени, при што HPC сега одржува неделни сесии за одобрување стотици станбени единици на секоја седница.

Меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации (ОН), ги смета израелските населби за нелегални според меѓународното право.

ОН повеќепати предупредија дека континуираната експанзија на населбите ја загрозува одржливоста на дводржавното решение што се смета за клучно за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Во јули 2024 година Меѓународниот суд на правдата ја прогласи децениската окупација на палестинската земја од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите постојни населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Источен Кудс).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

Следно

Пренџов: Нова година, стари финти на ДУИ, поднесување интерпелации, маска за срамот кој им се случи со Груби

Latest from Blog

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто

ВЛЕН: Намалувањето на царините со САД отвора нова ера на слободна трговија и економски раст

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски

Тудор на клупата на Тотенхем!

ФОТО: Инстаграм “Бомба“ на Островот. Хрватот Игор Тудор ќе стане нов менаџер на Тотенхем. Сите најдоверливи експерти за трансфери, вклучувајќи ги Фабрицио Романо, Давид Орнштајн и Џанлука Ди Марци, потврдија дека Тудор

ВЛЕН го поздрави договорот со САД: Нови можности за раст и инвестиции

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски
Go toTop