За Милошоски резолуцијата на Бундестагот е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ го потсети дека нејзината сестринска партија гласаше против

June 16, 2023
3 mins read

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ наведува две причини зошто Бундестагот ја донел резолуцијата. Првата, вели тој, е што во 21 век една земја членка на ЕУ ги негира македонскиот јазик и самобитноста, а другата причина, според него, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која неколку години наназад предупредувала на штетноста од потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија

На наводите на Милошоски веднаш реагираат од СДСМ, од каде што во писмено соопштение велат дека јавноста многу добро знае чија е заслугата за резолуцијата на германскиот Бундестаг. Од владејачката партија го потсетија Милошоски дека резолуцијата не ја доби поддршката на нејзините сестрински партии ЦДУ/ЦСУ

Пратеникот во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, вели дека резолуцијата што синоќа ја изгласа германскиот парламент со која се дава поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура е за поздравување и дека ваквиот потег на Бундестагот е резултат на реакциите на опозициската партија изминативе години.

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски/Фото: ВМРО-ДПМНЕ (Архива)

Една од причините за носењето на резолуцијата, рече Милошоски во своето денешно гостување на Радио Лидер, е тоа што во 21 век една земја членка на Европската Унија (Бугарија н.з.) ги негира македонскиот јазик и самобитноста.

„По однос на резолуцијата во германскиот Бундестаг, прво јас сметам дека таа треба да се поздрави, тоа е добра работа. Главното прашање е зошто се носи резолуцијата во Германија, каде што се споменуваат, меѓу другото, и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност, заради две причини. Прво затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција, ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век“,

вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Другата причина поради која е донесена резолуцијата, според Милошоски, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која неколку години наназад предупредувала на штетноста од потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Втората причина е индиректно реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ пред една, дена, три години од 2017-та упорно нагласува дека со потпишувањето на така фаличниот Договор за добрососедство од 2017 година и таа несреќна формулација – заедничка историја, која што ја потпишаа тогаш (Зоран) Заев, (Никола)  Димитров, (Бујар) Османи, (Бојан) Маричиќ и кој и да беа  во екипата  за надворешна политика, се доведува во прашање, се загрозува токму онаа Ахилова пета која Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години“,

вели Милошоски.

Тој потсети дека ова не е прва резолуција на Бундестагот и дека во 2004 година веќе имало една со која се апелираше до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи тогашното уставно име на државата – Република Македонија.

На наводите на Милошоски веднаш реагираат од СДСМ, од каде што во писмено соопштение велат дека јавноста многу добро знае чија е заслугата за резолуцијата на германскиот Бундестаг.

Од владејачката партија го потсетија Милошоски дека резолуцијата не ја доби поддршката на нејзините сестрински партии ЦДУ/ЦСУ.

„За жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција. ДПМНЕ и Милошоски треба да се засрамат за тоа. Особено што нивни сестрински партии во Бундестагот гласаа против резолуцијата за потврда на македонскиот јазик, култура и посебност. Зошто ДПМНЕ не лобирала кај своите партии за поддршка е прашање кое им го должат на македонските граѓани. Најдобрата услуга што може да ја прави ДПМНЕ е да престане да работи на штета на националните интереси и да не ѝ наштетува на државата со вакви `услуги` повеќе“,

се вели во реакцијата од Бихаќска.

Седиштето на СДСМ/Фото: Архива

Германскиот парламент – Бундестагот, со мнозинство гласови на пратениците од трите владејачки партии – Социјалдемократите, Либералите и Зелените вчера вечер ја изгласа резолуцијата со која се дава поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура на патот на земјава кон членство во Европската Унија. 

Резолуцијата не доби поддршка од опозициските партии, вклучително и од конзервативната Христијанско-демократска унија/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ) на поранешната канцеларка Ангела Меркел. 

Инаку, ЦДУ и баварската ЦСУ идеолошки се сестрински партија на ВМРО-ДПМНЕ. 

Предлог-резолуцијата пред пратениците ја претстави државната секретарка за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Ана Лирман, која е од редовите на Зелените. Таа рече дека со резолуцијата се оддава длабока почит на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Лирман воедно најави дека наскоро повторно ќе ја посети земјава заедно со нејзините колеги од Франција и од Полска за да ги охрабрат уставните измени чие донесување е услов за земјава да го продолжи својот пат кон членство во Европската Унија.  

Двајцата пратеници од десничарските ЦДУ и ЦСУ, Кристоф Плос и Тобијас Винклер, кои учествуваа во дебатата, настапија со критики кон владејачкото мнозинство, бидејќи, како што рекоа, со резолуцијата ја издвојува Северна Македонија од останатите земји од Западен Балкан, спротивно на политиката што претходно ја спроведувала поранешната германска канцеларка Ангела Меркел

На критиките на опозицијата одговорија пратеникот на владејачките социјалдемократи (СПД) Јосип Јуратовиќ и неговиот колега од редовите на либералите Томас Хакер, истакнувајќи дека секоја земја кандидат за членство во Европската Унија секогаш се вреднувала поединечно, а не го група. Јуратовиќ воедно побара од конзервативната ЦДУ да влијае на нивната сестринска партија во земјава ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Борбата на Украина со Западот

Следно

Кинескиот претседател домаќин на милијардерот Бил Гејтс

Latest from Blog

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси

Славјето на Денот на албанското знаме на скопските улици заврши со засилено полициско присуство

Со колони возила со развиорени знамиња на Албанија вечерва низ скопските улици се славеше Денот на албанското знаме.  Во центарот на градот забележително беше засилено полициско присуство. Денот на албанското знаме денеска

Е.Пелистер поразен од Веспрем

Ракометарите на Е. Пелистер го доживеаја и шестиот пораз во деветтиот натпревар од Лигата на шампионите, овој пат со 33-26 (20-11) на гостувањето против унгарски Веспрем. Уште по првото полувреме беше јасно

Ирански генерал загина во судирите меѓу режимот на Асад и антирежимските групи во Алепо и Идлиб

Бригадниот генерал Кејумерс Пурхашими, еден од командантите на Армијата на иранската револуционерна гарда, загинал во нападот што го изврши сириската опозиција на западниот дел на Алепо, известува Анадолу. Според веста на иранската

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од
Go toTop