Кинескиот претседател домаќин на милијардерот Бил Гејтс

June 16, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Надевајќи се во американската јавност за одржување на кинеско-американските односи, претседателот Кси Ѓинпинг денес рече дека основата на односите Пекинг-Вашингтон „лежи во врските меѓу луѓето“, пренесува Анадолу.

Кси ја даде изјавата откако во Пекинг му беше домаќин на милијардерот Бил Гејтс, основач на „Мајкрософт“ и копретседател на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.

„Вие сте првиот американски пријател што го сретнав во Пекинг оваа година“, му рекол Кси на Гејтс, јави државната кинеска новинска агенција „Синхуа“.

Гејтс (67) пристигна во Кина во средата во својата прва посета на светската суперсила по четири години. Тој досега ја има посетено Кина 18 пати.

„Ние секогаш полагаме надеж во американскиот народ и се надеваме дека народите на нашите две земји ќе го задржат своето пријателство“, рече Кси.

Средбата доаѓа во период на, како што ги нарече Пекинг, „новите потешкотии“ во билатералните односи со Вашингтон.

Додека светот излегува од пандемијата на КОВИД-19, Кси порача: „Луѓето треба да се движат повеќе, да комуницираат повеќе и да го подобрат меѓусебното разбирање.“

Осврнувајќи се на неговите предлози за Иницијатива за глобален развој, Иницијатива за глобална безбедност и Иницијатива за глобална цивилизација, Кси истакна дека овие иницијативи „обезбедуваат кинески решенија за глобалните предизвици“ што „се зголемуваат по број“.

„Кина прво се фокусира кон добро решавање на сопствените проблеми“, рече тој и додаде: „Долгорочната стабилност и одржливиот развој на Кина се голем придонес за светскиот мир, стабилноста и просперитетот.“

Кси нагласи дека Кина „никогаш нема да бара хегемонија, туку ќе работи со други држави за да постигне заеднички развој и да ја промовира изградбата на заедница со заедничка иднина за човештвото.“

За Гејтс и за неговата фондација, Кси рече: „Кина е подготвена да работи со него и неговата фондација за продолжување на зајакнувањето на соработката во релевантните полиња и да обезбеди поддршка и помош за другите земји во развој.“

„Кина е подготвена да спроведе обемна соработка во науката и технолошките иновации со сите земји во светот и активно да учествува и да ги промовира глобалните предизвици, како што се климатските промени, превенцијата од епидемии и јавното здравје“, порача Кси.

По пристигнувањето во Кина, Гејтс истакна дека ќе ги посети партнерите на неговата фондација што повеќе од 15 години работат на полето на глобалните здравствени и развојни предизвици.

„Решавањето на проблемите, како климатските промени, здравствената нееднаквост и несигурноста во храна бара иновации. Од развој на лекови за маларија до инвестирање во климатската адаптација, Кина поседува големо искуство во тоа. Треба да го отклучиме тој вид прогрес за повеќе луѓе низ светот“, напиша Гејтс на Твитер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

За Милошоски резолуцијата на Бундестагот е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ го потсети дека нејзината сестринска партија гласаше против

Следно

Српското обвинителство им одреди притвор на косовските полицајци, ги сомничи за нелегално поседување оружје

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop