За лекот за цистична фиброза „трикафта“ одобрени над 2,2 милиона евра, дадени насоки за итна набавка

February 9, 2023
1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска имаше средба со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, рече дека се одобрени над 2,2 милиона евра за „трикафта“, како и дека се дадени насоки за итна набавка на лекот.

На средбата присуствуваа и советничката за здравство Ана Данева-Маркова, директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашкоска и пратеничката Санела Шкријељ, а премиерот потенцираше дека нема да дозволи ниту еден пациент во земјава да биде издвоен или маргинализирани само зашто има скапа терапија.

Во Владата, информира Ковачевски, ќе се формира посебно тело составено од стручните советници на премиерот, ФЗОМ, МАЛМЕД, БЈН, Клиника за детски болести и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, кои до крајот на следната недела треба да направат предлог-измени на Закон за јавни набавки, Закон за лекови и Закон за здравствено осигурување за да може директно да се преговара за набавка на лекот и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти.

– Со измени на постоечки законски регулативи, би се направило системско решение, односно државата во директни преговори со производителот на лекот би ја набавувала потребната терапија. Дополнително, прв пат ќе се подготви тригодишна програма за пациенти со цистична фиброза, во која ќе има буџетска предвидливост за секоја година сите пациенти да го добиваат лекот, рече премиерот.

На почетокот на средбата, тој уште еднаш изрази длабоко жалење за смртта на прерано починатиот Благојче Илиевски кој ја загуби битката со болеста цистична фиброза.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ вели дека ќе оди на разговори со Курти во Брисел откако ќе биде формирана Заедницата на српски општини

Следно

Од први март во Виена без задолжителните заштитни маски

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop