За Кисинџер прашајте ги во Камбоџа

December 11, 2023
1 min read

За време на Виетнамската војна, Кисинџер и тогашниот американски претседател Ричард Никсон имаат наредено тајно и жестоко да се бомбардира неутралната Камбоџа за да се истера Виетконг на чистина.

Бен Кирнан, историчар на Јеил процени дека околу 500.000 тони американски бомби биле фрлени врз Камбоџа помеѓу 1969-1973 година. Кисинџер тврдеше дека бомбардирањето не било насочено кон самата земја туку кон виетнамската армија во Камбоџа.

Во извештај на Пентагон објавен во 1973 година се наведува дека „Кисинџер го одобрил секој од 3.875-те бомбашки напади во Камбоџа во 1969 и 1970 година“, како и „методите за нивно држење надвор од медиумите“.

„Ќе нападнете сè што лета и сè што се движи“, му рекол Кисинџер на еден свој заменик во 1970 година, според декласифицираните транскрипти од неговите телефонски разговори.

Бројот на луѓе убиени од тие бомби не е познат, но проценките се движат од 50.000 до преку 150.000.

Неексплодираните американски бомби кои беа посеани во камбоџанските предели, убиваа со децении потоа.

Но, уште една последица од злосторничката политика на Никсон и Кисинџер е што таа го отвори патот кон еден од најгрозните геноциди во 20-от век. За само четири години (меѓу 1975 и 1979) околу 1,7 милиони луѓе загинаа од Црвените кмери на Пол Пот, што е една четвртина од целата популација. Пред Американците, ултра-комунистистите на Пол Пот имаа безначајна поддршка, но таа растеше со секоја фрлена бомба.

Во статијата „(Донт) Кил Кисинџер“ потсетивме на вклученоста на Кисинџер во геноцидите и масакрите во Камбоџа, Ангола, Мозамбик, Родезија (денес Зимбабве), Јужна Африка, Источен Пакистан (денес Бангладеш), Источен Тимор, Гватемала и други места.

Еве неколку од неговите дебело документирани придонеси за светскиот мир:

* Во 70-тите години Кисинџер се среќава со Нацисти и им нуди помош да ја срушат левичарската влада во Западна Германија.

* Редовно помага крајно десничарски и диктаторски режими во Латинска Америка за да не дозволи “Црвените” да се приближат до САД.

* Креатор е на стратегијата “Операција Кондор” која подразбира систематски државен тероризам против левичарски струи.

* Креатор е на стратегијата “Madman” во американската војна во Виетнам која тежи најмалку 3 милиони животи. Стратегијата се заснова на тоа да се убеди непријателот дека си има работа со луди луѓе кои нема да се колебаат да употребат и атомска бомба.

* Преку ЦИА го руши демократски избраниот социјалист Салвадор Аљенде и во Чиле го инсталира диктаторот Аугусто Пиноче. Уште од победата на Аљенде, тој и Никсон нарачуваат “чилеанскaта економија да пишти”.

„Гигант на дипломатијата и миротворец“.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Техничка Влада со или без ВМРО-ДПМНЕ? – Опозицијата се уште не одлучила, Ковачевски вели тоа е законска обврска

Следно

Ковачевски: Ќе нема поскапување на струјата ако се користи за основни потреби, повеќе ќе плаќаат оние што ја користат за луксуз

Latest from Blog

Кина вели дека договорот меѓу САД и Иран треба да заврши во ОН

Американските и другите меѓународни претставници изразија претпазлив оптимизам во последните денови за напредокот во разговорите за прекин на конфликтот. Ванг рече дека Кина се надева дека сите вклучени страни ќе останат посветени

Петровска: Министерката за финансии бега од одговорност за задолжувањето со нејзиното неприсуство

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, оцени дека задолжувањето од 260 милиони евра се носи во нетранспарентна постапка и предупреди дека средствата можеби нема да бидат искористени за развојни проекти. „Во овие неколку

Димитровски: Лажните вести нема да ја запрат модернизацијата на Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку јавно обраќање упати критики кон, како што наведе, „лажните вести и кочничарите“ кои ја критикуваат реализацијата на велосипедската инфраструктура во градот. Димитровски посочи дека Битола

Израелската армија тргна во акција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни
Go toTop